1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ситуацијата во Естонија

По двете ноќи безредија во спорот околу советскиот споменик, естонската влада најави негова обнова во главниот град Талин. Споменикот кој бил подигнат во 1947 година во чест на победата на советската војска над нацистичка Германија,многумина Естонци го сметаат за спомен на петте децении советско владеење во нивната земја. Синоќа во Талин владееше затегнат мир.

Претседававачот на Европската унија, германската канцеларка Ангела Меркел повика на смиреност и разум. Таа имаше телефонски разговори со естонскиот премиер Андрус Ансип и со рускиот претседател Владимир Путин. Притоа, Меркел апелираше до обајцата да спречат каква и да е ескалација.