1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Сите се за заштита на климата

Германската канцеларка Ангела Меркел на самитот во организација на ОН повика на порешителни чекори против промената на климата. Генералниот секретар Бан Ки Мун заштитата на климата ја означи за еден од приоритетите.

default

Меркел инсистира на редуцирање на гасовите

Тие навистина не организираа заедничко здружение и не возат велосипед од хотелот до седиштето на ОН на Ист Ривер,но претставниците на 150 земји барем на зборови покажаа одлучност да го следат генералниот секретар Бан Ки Мун во борбата против промената на климата:

„Да дадеме денес јасен сигнал.Да му дадеме до знаење на светот дека ја преземаме одговорноста и предизвикот фронтално да тргнеме против промената на климата“,изјави Мун.

Оваа средба треба да биде решавачки чекор кон Бали,каде во декември почнуваат преговорите за нов протокол по оној од Кјото.Говорниците ги истакнуваа ОН како единствената рамка соодветна за постигнување глобален договор за климата,а во заднина остана неизговорениот страв дека Вашингтон ќе оди по посебен пат и дека на новиот договор ќе му ја одземе ударната сила.

Што ќе преземе Вашингтон

Condoleezza Rice in Berlin

Рајс-САД се за нови еколошки технолигии

Претседателот Џорџ Буш во Њујорк дојде само на вечера,но на конференцијата ја испрати шефицата на дипломатијата Кондолиза Рајс,за да ја потенцира подготвеноста на Вашингтон за соработка:

„Убедени сме дека ОН се вистински форум за активности околу промената на климата.Оваа средба ја гледаме како прва во низата која треба да следи во рамките на дискусиите во ОН“,изјави Рајс.

САД се подготвени на водечка улога.Кондолиза Рајс зборуваше за технолошка револуција заради стимулирање на користење еколошки енергии.

Намалување на емитувањето штетни гасови

Еколошките технологии не се доволни,истакна меѓутоа германската канцеларка Ангела Меркел во својот говор.Дури кога штетните гасови ќе чинат пари,луѓето ќе се свртат кон нови теники.За разлика од Рајс,Меркел се изјасни за ограничување на емисијата гасови:

„До средината на овој век потребно ни е најмалку преполовување на вкупната емисија,само така имаме шанса да го задржиме глобалното затоплување под критичната вредност од два степени и да ги избегнеме најлошите последици од промената на климата.“

Сите сакаат да преземат нешто против промената на климата,само како,во тоа не се единствени.Тоа останува за Бали и за следните конференции.А времето притиска.Не попусто генералниот секретар на Он Бан Ки Мун побара:

„На Бали мора да дојде до пробив.“