1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Сите села во општина Пустец со македонски имиња

Советот на општина Пустец одлучи да ги врати автентичните македонски топоними на сите населени места во општината. Ова е од историско значење за Македонците, изјави градоначалникот на Пустец.

Советот на општина Пустец донесе едногласна одлука со која на сите населени места во општината, по четириесет години, им се вратија нивните автентични топоними. Одлуката само формално треба да ја одобри Префектурата на Корча, со што станува правосилна.

Со одлуката се врќаат македонски топоними на селата во општина Пустец: Zaroshke - Зрноско, Lajthize - Леска, Djellas - Шулин, Gollomboc - Глобочени, Kallamas - Туминец, Gorice е Madhe - Горна Горица, Gorice е Vogel - Долна Горица.

Албанскиот парламент на 18 март едногласно го донесе Законот за враќање на автентичното име на Пустец, со што се даде право Советот на општината да донесе одлука за населените места.

„Сега сите села во општина Пустец ќе се викаат со старите македонски имиња, како што всушност со векови до ден денес ние и ги именуваме. Со ова неправдата нанесена од комунистичкиот систем во 1973 година е исправена, што за нас Македонците е од историско значење“, изјави градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко за весникот „Македониум“.