1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сите седат во истиот брод

Иако имаат различни ставови на крајот мора да постигнат заедничко решение. Вечерва има нова рунда преговори во ОН околу резолуцијата за Либан. Овојпат на седницата во Њујорк доаѓаат и претставници на арапската лига. Мартина Батлер има детали.

Дебатата во СБ продолжува

Дебатата во СБ продолжува

Дискусијата продолжува денеска. И иако во СБ уште од саботата, страните имаат спротивставени ставови и се дебатира околу предлог резолуцијата, сите имаат иста цел, вели претседателот со Советот за безбедност, амбасадорот на Гана, Нана Ефа Апентенг:

“Сите седат во истиот брод и сакаат само едно, една резолуција која ќе биде спроведлива”.

Либан смета дека во сегашниот француско-американски предлог не се доволно застапени нивните интереси, а претставниците на Арапската лига критикуваат дека во текстот не е јасно кажано дека мора да настапи итен прекин на огнот, а израелската армија да се повлече:

”Израелските трпи мора да се повлечат од јужен Либан”, смета претставникот на Арапската лига.

Останати критични делови во предлог резолуцијата се контролата врз Шиба фармите и размената на либански затвореници за двајцата киднапирани израелски војници, заради кои и започна конфликтот. Франција и САД се подготвени да направат измени на текстот на резолуцијата. Американскиот амбасадор во ОН, Џон Болтон изјави дека е подготвен да ги чуе сите страни, но нагласи дека никогаш нема да може да се предложи идеална резолуција која ќе ги задоволи сите. Ако има таква резолуција која ќе биде идеална за сите тоа значи дека немало никаква криза, смета Болтон. Во меѓувреме останува отворено прашањето и до кога ќе се преговара околу новата резолуција. Денеска на седницата во Њујорк доаѓаат и претставници на Арапската лига. Ако се оди добро и ако се усогласи текстот, тогаш може да се очекува да биде изгласан во наредните 24 часа.