1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сите сакаат да го видат папата Франциско

Вонредна состојба во Рим: повеќе стотици илјади аџии ќе го следат официјалната инаугурација на папата Франциско. Ќе присуствуваат и голем број политичари од светот.

31 претседатели, единаесет шефови на влади, шест монарси и три принца пристигнаа во вечниот град. Вкупно се најавени 132 државни делегации и меѓународни организации, изјави портпаролот на Ватикан Фредерико Ломбарди. Меѓу гостите ќе биде и германската канцеларка Ангела Меркел, американскиот вице претседател Џо Бајден и премиерот на Франција. Претседателката на Аргентина Кристина Фернандез де Кирхнер уште вчера имаше приватна средба со папата.

Papst Franziskus trifft Argentiniens Präsidentin Fernandez

Папа Францискус и претседателката на Аргентина Кристина Фернандез де Кирхнер

На церемонијата ќе присуствуваат и голем број кардинали, стотици бискупи и свештеници како и претставници на еврејството и исламот. За првпат по речиси илјада години ќе присустувува и православниот патријарх од Констанинопол. Вартоломеј Први со ова сака да му оддаде признание на големиот напредок меѓу двете цркви од последно време.

На церемонијата во Рим папата Францискo ќе ги добие симболите на неговата моќ: прстенот, кој за првпат нема да биде изработен од злато, туку од позлетено сребро и волнениот палиум (еден вид шал н.з.).

Со оглед на големиот број гости Рим се претвори во проширена високо безбедносна зона. Околу Ватикан приватните возила не сообраќаат, поради што автобусите и железницата возат бесплатно. Децата се ослободени од училиште.

Пред почетокот на манифестацијата 76 годишниот Аргентинец со т.н. папапмобил ќе мине на плоштадот Свети Петар. Церемонијата ќе започне со молитва на гробот на Свети Петар под папскиот олтар во Катедтрала Свети Петар и ќе продолжи на плоштадот Свети Петар.