1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сите очи кон Чешка

Од 1.1.2009 година, Прага го презема претседателството со ЕУ. Раководната функција оди во рацете на земјата која се` уште не е доволно цврсто етаблирана во ЕУ и НАТО.

default

Млади луѓе го прославуваат влегувањето на земјата во ЕУ

Чешка е земја со тажна химна. „Каде е мојата земја“ се прашува авторот на текстот, и иако на крајот од химната го наоѓа одговорот - скептичноста останува. Може да се каже дека кога е скептичноста во прашање, Чешка е светски шампион. Чешката република е млада држава, постои од пред 16 години, откако дојде до распад на Чехословачка. Има 10.5 милиони жители, од кои скоро половина се атеисти - како во ниедна друга земја во Европа.

Сепак, во Чешка некои традиции се свети - а покрај кујната, тука може да се вброи и чешкото пиво. Не е ни чудо што во Чешка се пие повеќе пиво отколку на било кое друго место во светот. Чесите се светски шампиони и во количина на испиено пиво, и тоа далеку пред Германците.

EU Volksabstimmung in Tschechien Tasse

Чесите беа скептични и кон ЕУ - земјата спроведе референдум пред да влезе во Унијата во 2004

Историјата е длабоко врежана во чешкиот менталитет

Земјата и нејзините граѓани, се уште ги чуствуваат горките искуства од 20-иот век, кои ги доживеале со Германците, но и со Русите на исток. Може да се каже дека историските искуства се врежани во чешкиот менталитет, а овие искуства не секогаш се позитивни, објаснува политикологот Јири Пехе:

„Чесите се провинциско население и тоа многу повеќе отколку што се свесни самите. Тие се народ кој бил отсечен од главните текови во европската историја. Овде владее друга ситуација. Од една страна, Чесите се сметаат себеси за „срцето на Европа“, како релативно космополитски, либерален народ. Но, од друга страна, секогаш малку „каскаат“, бидејќи земјата во изминативе 40 години секогаш се сметала за провинција - или за Берлин, или за Виена, или за Москва. Токму затоа оваа карактеристика е длабоко врежана во чешкиот менталитет. Тие се плашат од светот надвор, стравуваат да се отворат. Во земјата владеат многу предрасуди и митови“, вели Пехе.

Вака или онака - Чесите успевале

Од 1999 година Чешка е членка на НАТО,

Prag feiert den EU Beitritt

Сепак, влезот на земјата во ЕУ беше еуфорично прославен со огномети

а во 2004 година влезе и во ЕУ. Оттогаш многу се зборуваше за чешката скептичност кога е Унијата во прашање. Најодговорен за ова е шефот на државата Вацлав Клаус. Впрочем, мал е бројот на политичари во Чешка кои имаат убави зборови за ЕУ, а тоа неизбежно влијае и на јавното мислење во земјата. Како тоа би изгледало без овие креатори на јавното мислење - не знаеме. Она што со сигурност се знае е дека чешкото претседателство со ЕУ е голем предизвик за земјата. Дури и кај домашното население владее колебливост - дали сме подготвени за оваа задача? Ама Чесите секогаш успевале - ќе импровизираат ако треба, ама не се предаваат. Исто како и храбриот војник Швејк, вели гостинот во една чешка меана: „Ние Чесите често се огледуваме во ликот на Швејк, иако тој ја претставува лошата страна на нашиот менталитет - способноста без многу мака да се протурка во животот. Но, токму по него Чесите се познати во светот.“

Karlsbrücke in Prag, Stadt

Архитектурата во Прага се смета за една од најраскошните во Европа

Тополанек: „На која страна да се свртиме?“

Уште кога земјата прогласи независност во 1993 година, се постави прашањето за нејзината идна ориентација. Премиерот Мирек Тополанек во говорот изјави: „Дали ќе припаѓаме на западната или источната цивилизација? Која позиција ќе ја заземе нашата мала земја во Европа, покрај толку силни соседи?“

Оттогаш прашањата добија одговор и земјата го сврте погледот кон западот, вели новиот претседавач со ЕУ. Сега сите земји од Унијата, пак, го свртеа погледот кон Чешка. Барем во наредниве шест месеци.