1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Сите лаги на Ленс Армстронг

Посрамениот велосипедист Ленс Армстронг конечно јавно призна дека користел допинг. Признанието се случи во телевизиското шоу на американската ѕвезда Опра Винфри.

Во интервјуто со една од најпроминентните американски ТВ водителки, Армстронг го призна она што веќе сите го знаеја. Познатиот велосипедист користел допинг при победите на сите 7 Трки низ Франција од 1999. до 2005. година. Тој раскажа дека постојано добивал трансфузии на крвта, земал специјални ЕПО супстанци, тестостерон, кортизон и хормони за раст, за да ги подобри своите перформанси.

„Допингот беше неопходен за да се победи на трката околу Франција, исто како што е неопходна водата или воздухот во гумите“, рече Армстронг.

Во текот на еден и пол часовното интервју, кое го следеле речиси 100 милиони луѓе, Армстронг укажа дека употребата на забранети средства била резултат на неговата мотивација да победува по секоја цена, која била засилена поради борбата со ракот.

„Целта беше да се победи по секоја цена. Кога ми беше дијагностициран ракот бев подготвен да сторам се‘ само за да преживеам. Таквиот став го пренесов и на велосипедизмот“.

41- годишниот Армстронг никогаш не паднал на допинг тест во неговата кариера, но големата измама беше откриена благодарение на сведочењата на неговите поранешни тимски колеги. Армстронг категорично негираше дека ги терал и своите колеги да се допингуваат и тврди дека и самиот престанал да се допингува по победата на Тур Д’ Франс во 2005. година.

Во меѓувреме му беа одземени сите победи на трката во Франција, како и бронзениот медал од Олимписките игри во Сиднеј од 2000. година.

„Оваа ситуација ја гледам како лага која ја повторив многу пати. Остатокот од животот ќе го минам во обиди да ја вратам довербата“, рече Армстронг.

Вториот дел од интервјуто на Армстронг со Опра Винфри ќе биде емитувано следната недела.

Поврзана содржина