1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сите заедно против Меккејн!

Хармонија и единство на партискиот конгрес на американските демократи во Денвер. Клинтонови, кои во трката за номинација за претседателски кандидат загубија тесно, ги повикаа делегатите да гласаат за Барак Обама.

default

Двојката на демократите - Бајден и Обама

Тоа беше досега најдобар ден на конгресот за одушевените делегати, а особено за режијата, која не стравуваше од ништо друго повеќе отколку од судир меѓу Обама и Клинтон на предизборите, кој би се пренесол и врз работата на конгресот. Се случи токму спротивното -Хилари Клинтон стопираше демонстрантивно гласање за престедателски кандидат: „Во духот на единство со цел - да победиме, да објавиме заеднички дека Барак Обама е нашиот кандидат и тој ќе биде нашиот претседател“, изјави Хилари Клинтон.

Бил Клинтон - ѕвезда на конгресот

Обама беше номиниран без проблеми, без непријатности, благодарение на Хилари. А, потоа следуваше настапот на Бил Клинтон. Тој можеше да почне да говори дури по неколкуминутен аплауз. Бил уживаше видливо во аплаузот, кој беше изјава на љубов на партијата и од своја страна стави јасно до знаење дека и тој повлекол линија под предизборната борба: „Хилари вчера, јасно и гласно кажа дека ќе стори се‘ за Барак Обама да биде избран, и тоа го мислиме двајцата.“

Democratic National Convention in Denver mit Bill Clinton für Barack Obama

Бил Клинтон уживаше во аплаузот

Според Клинтон, Обама е зрел за највисоката фунција во државата, за разлика од Џон Меккејн. Погледнете што направија републиканците за осум години, рече Клинтон: „Ние имавме буџетски плус, кај нив експлодираат долгови. Бројот на нови работни места од повеќе од 22 милиони падна на пет милиони. Ние од сиромаштија извлековме речиси осум милиони Американци, а тие вратија во сиромаштија повеќе од петипол милиони. Милиони луѓе го загубиле здравственото осигурување, а кандидатот сепак, најавува продолжување на ваквата нивна политика.“

Џо Бајден - човек за грубости

Се‘ укажува на успешен партиски конгрес на демократите. Судирот на врвот, барем веќе не е видлив, сега се оди заедно против Меккејн. Обама од Џо Бајден, кандидатот за потпретседател, очекува напад.

Barack Obama bei Denver National Convention

Последниот ден од конгресот ќе биде „негов“ - Барак Обама

Бајден важи за агресивен, тој во жешката фаза на изборната борба ќе настапува како “човек за грубости“ на Обама, и веќе сега почна така. Сеедно дали станува збор за социјалната, економската, надворешната или безбедносната политика...„Џон Меккејн беше на погрешна линија. Барак Обама имаше право!“

На крајот дојде најдоброто - неочекуваниот настап на Обама. Се качи на бината за да му заблагодари на Бајден и кажа дека му се радува многу на последниот, „негов“ ден од конгресот. Тогаш целиот конгрес се префрла на соседниот фудбалски стадион, кој има 75 илјади места: „Го отвораме конгресот за да може да дојде секој кој сака да слави со нас и кој сака со нас повторно да ја освои Америка. Утре ќе биде извонредно, се гледаме. Господ нека ве чува вас и нека ја чува Америка!“