1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Сите жаришта мора да се згаснат

Проблемите на некои финансиски институти се измешани со должничката криза на државите, смета шефот на еврогрупата и премиер на Луксембург Жан-Клод Јункер во интервју за Дојчландфунк.

default

Жан Клод Јункер

Рејтинг агенциите повторно ја намалија кредитната способност на Шпанија. Претседателот на Европската централна банка Жан-Клод Трише во меѓувреме зборува за системска криза. Но, што смета дека е поголем проблем: високите долгови или положбата на банките? Прашање до претседавачот со еврозоната Жан-Клод Јункер.

„Двата проблеми се мешаат и двата проблеми мора да бидат решени. Не сме соочени со криза на еврото, посебно инсистирам на оваа констатација, туку со должничка криза на поедничени земји членки на еврозоната. Исто така сме соочени со банкарска криза, чии што целосни размери се’ уште не се согледливи. Мора да се справиме со двете кризи.“

Шефот на еврогрупата Јункер смета дека рекапитализацијата на некои европски банки е неопходна. Со рекапитализацијата на одредени банки мора да се исклучи опасноста од „инфицирање“ на целиот банкарски систем. Обата пожари мора да бидат угасени, подвлекува Јункер.

При тоа се отвора прашањето: дали заканата за принудна капитализација служи за тоа да се принудат банките на поголемо учество во должничката криза?

„Во текот на наредните недели ќе биде остварена средба со претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј и со претставници на приватните банки. Приватните банки мораат да знаат дека ако доброволното учество како доверители не е доволно, и дека ако не сме задоволни со понудата што банките мораат да ја достават, дека во тој случај би дошло предвид недоброволно учество на доверителите“, нагласува Јункер.

Автор: Христоф Хајнеман (ДЛФ)/ Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска