1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Сите германски тимови во осминафиналето

Сите четири германски претставници во најсилното фудбалско клупско натпреварување во Европа изборија пласман меѓу 16. најдобри на континентот. Пласманот синоќа (11.12) го обезбедија Борусија и Шалке.

Борусија Дортмунд, во драматичен меч, победи во Марсеј со 2-1, а човекот на одлука беше Кевин Гроскројц кој решавачкиот гол го постигна во 86. минута. Победата на Борусија значеше и крај на надежите на Наполи дека ќе обезбеди пласман натаму, и покрај победата од 2:0 во дуелот против англискиот Арсенал. За Наполи, Горан Пандев играше до 57. минута, а головите ги постигнаа Игуаин и Каљехон.

И Шалке во Гелзенкирхен успеа да стигне до значајна победа од 2:0 во дуелот против швајцарскиот Базел. На германскиот тим единствено победа му обезбедуваше пласман во осминафиналето и таа дојде благодарение на головите на Дракслер и Матип.

Последното коло во групната фаза го одбележа и Бразилецот Неимар кој во дуелот на неговата Барселона против шкотскиот Селтик (6:1) постигна хет-трик.

Челзи, Шалке, Борусија, Арсенал, Атлетико, Зенит, Барселона и Милан ќе играат во нокаут рундата во ЛШ, додека во Лига Европа ќе продолжат Базел, Наполи, Порто и Ајакс.

Претходно, во вторникот, пласман натаму обезбедија и преостанатите две германски екипи, актуелниот европски првак Бајерн Минхен и Бајер Леверкузен.

Жрепката за нокаут фазата е закажана за понеделник (16.12).

Резултати:

Група Е:

Челзи-Стеауа 1:0

(Демба Ба 10’)

Шалке-Базел 2:0

(Дракслер 51’, Матип 57’)

Табела: Челзи 12, Шалке 10, Базел 8, Стеауа 3

Група Ф:

Наполи-Арсенал

(Игуаин 73’, Каљехон 90’+3)

Олимпик Марсеј-Борусија Дортмунд

(Дијавара 12’ – Левандовски 4‘, Гроскројц 86’)

Табела: Борусија 12, Арсенал 12, Наполи 12, Олимпик 0

Група Г:

Атлетико Мадрид-Порто 2:0

(Гарсија 14’, Диего Коста 37’)

Австрија Виена-Зенит 4:1

(Хосинер 44’ 51’, Хут 48’, Кинаст 90’+3 – Кержаков 35’)

Табела: Атлетико 16, Зенит 6, Порто 5, Австрија 5

Група Х:

Милан-Ајакс 0:0

Барселона-Селтик 6:1

(Пике 7’, Педро 49’, Нејмар 45’ 48’ 58’, Тељо 72’ – Самарас 89’)

Табела: Барселона 13, Милан 9, Ајакс 8, Селтик 3.