1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Сите бркаат бодови, Херта брка тренери

Водечкото трио во Бундеслигата забележа победи во 21. коло. Новиот кикс го оддалечи Шалке од борбата за титулата. Херта повторно го избрка тренерот

default

Бајерн Минхен

Во неделните мечеви од 21. коло во прв план беше борбата за опстанок. Во дербито, Хамбургер нагости го совлада Келн со 1:0. Фудбалерот на ХСВ, Марсел Јансен по мечот рече дека победата донела големо олеснување.

„Мислам дека како гостински тим добро ја контролиравме играта, па оттука сме уште посреќни што успеавме да ги освоиме трите бода“, рече Јансен.

Во вториот меч, Аугсбург и Нирнберг одиграа без голови. Ремито го исфрустрира Даниел Бајер од Аугсбург.

„Мораме да победуваме вакви натпревари на домашен терен. Треба да бидеме охрабрени од она што го одигравме во првото полувреме. Но, сепак, на крај останавме без трите бода кои што ни се многу потребни“.

Триото не запира

Fußball, 1. Bundesliga, Saison 2011/2012, 21. Spieltag, Borussia Dortmund gegen Bayer 04 Leverkusen

Шинџи Кагава

Во саботата, Борусија Дортмунд, Бајерн Минхен и Борусија Менхенгладбах ги зацврстија своите позиции на првите три места на табелата. Шампионот во Дортмунд дојде до тесна победа од 1:0 над Бајер Леверкузен. Тренерот Јирген Клоп беше задоволен.

„Уште од самиот почеток игравме добро против тим кој знае да се брани. Тоа не беше меч со 40 чисти гол шанси. Но мојот тим беше трпелив. Со златниот гол на Шинџи бевме наградени“.

Без поголеми проблеми, Бајерн го совлада кандидатот за испаѓање Кајзерслаутерн со 2:0. Тони Крос беше задоволен само со играта во првото полувреме.

„Во првиот дел игравме добро, и брзо дојдовме во водство. Мислам дека заслужено победивме, а Кајзерслаутерн немаше ниту една шанса. Во второто полувреме не приредивме некој огномет, но тоа не се ни бараше од нас“, рече Крос.

Во дуелот на трето и четвртопласираниот, Борусија Менхенгладбах уште еднаш покажа дека успесите не се случајни, и му одржа лекција на Шалке победувајќи со 3:0. Тренерот Лусиен Фавр невообичаено оптимистички го анализираше мечот:

„Поведовме брзо. Тоа беше идеално за нас. На 3:0 веќе беше многу тешко за Шалке, затоа што ние одлично се браниме. На крајот малку и комплициравме, можеби затоа што играчите беа уморни по оние 120 минути од Купот во Берлин“.

Fussball VfB Stuttgart - Hertha BSC

Михаел Скибе

Отказ за Скибе во Херта

Маркус Бабел имаше успешен старт на кормилото на Хофенхајм. По долгото водство од 1:0 Хофенхајм сепак на крајот мораше да се задоволи со еден бод на гостувањето кај Вердер. По слично сценарио и Мајнц, и покрај водството против Хановер на крајот мораше да се задоволи со конечни 1:1.

Во петокот Волфсбург го совлада Фрајбург со 3:2, и се чини, конечно се извлече од борбата за опстанок.

Но тоа не може да се каже и за екипата на Херта. По само пет мечеви на кормилото и пет едноподруго порази, раководството на Херта му врачи отказ на тренерот Михаел Скибе. Чашата ја прелеа катастрофата на гостувањето кај Штутгарт во саботата, од 5:0.

Автор: Кале Кобс/ Б.Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска