1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Студирање во Германија

Систем на образование

Германскиот систем на високо образование е мошне разновиден. Универзитети, високи стручни школи, виши педагошки школи, високи уметнички и музички школи и академии, високи школи основани од црквите, како и приватни школи.

default

Во Германија бројот на приватните училишта значително се зголеми од 1972 година, кога е отворен првиот приватен универзитет во Витен-Хердеке. Сега, во Германија постојат 71 високи приватни школи признаени од страна на државата. Ако се спореди со другите држави, тој број и денес е мал. Стручњаците сметаат дека отворањето и развојот на високите приватни школи е на самиот почеток и зборуваат за голема можност на пораст на бројот на овие установи.

Елита и слава

German-Jordanian University (Nur für Artikel bei Studieren in Deutschland)

Студент

Целта на иницијативата на сојузната и покраинските влади во Германија е да се унапреди и поттикне врвна истражувачка работа, како и квалитетна работа на германските универзитети и научно-истражувачки центри. Универзитетот во Карлсруе, Техничкиот универзитет во Минхен, универзитетот „Лудвиг Максимилијан“ во Минхен, како и универзитетите во Гетинген, Хајделберг и универзитетот во Констанца добија признание дека се елитни, поради научниот концепт свртен кон иднината.

Добро и поволно?

Studieren in Deutschland: Basiswissen Studentenjob

Студии и работа

Со одлука на Сојузниот уставен суд на Германија, донесена на почетокот на 2005 година, создадена е правна основа за плаќање на студиите. Оттогаш студентите во Германија мора да плаќаат студентски такси околу 500 евра, во зависност од тоа во која сојузна покраина и на кој универзитет студираат. Странските студенти од земјите кои не се членки на ЕУ плаќаат такса во износ од 150 евра. Парите кои ги добиваат универзитетите се користат за подобрување на условите за студирање на странските студенти. Некои универзитети ги користат таксите за да би можеле на студентите од странство да им понудат разни курсеви.

Пакети сервисни услуги

Studieren in Deutschland: Praktikum oder allgemein

Студентите вршат експериметни

За успешен почеток на студирањето не е важен само добриот избор на предметите. Условите би морале да бидат соодветни, за студентите од странство да може да се справат со секојдневниот живот. За нив постојат таканаречени пакети за помош, кои нудат одговори на различни прашања за време на барањето стан и работа, а објаснуваат и некои правни регулативи. Постојат и специјални програми на студентските здруженија, кои, преку различни проекти, се трудат да ги интегрираат странските студенти во германските семејства. На одредени високи школи постојат и академски сервисни служби, како појдовна точка за студентите од странство.

Нагласена желба за странски студенти

Една од важните цели на германската високообразовна политика е зголемување на бројот на странски студенти. До сега, на германските универзитети и високи школи студираат околу 17 отсто странски студенти. Во меѓувреме, на високите и стручни школи постои понуда на места за студирање кои се директно насочени кон странските студенти. Од постоечките 12.000 можности за студирање, Германската академска служба за размена на студенти (ДААД), издвоила околу 650 меѓународни програми, кои се исклучиво на англиски јазик.

Автор: Антје Алроген / Ана Алибегова

Редактор: Александра Трајковска