1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Сиромаштија во старост

Од идната година германските пензионери ќе добијат зголемување на пензиите за 1,1 процент. И веќе започнаа протести: не станува збор за ништо друго туку за предизборен подарок на сметка на младите генерации.

default

Ги има се повеќе што живеат на работ или под нивото на сиромаштијата.

Покачувањето на пензиите за 1,1 процент, многумина млади луѓе во Германија го сметаат за предвремен изборен подарок на партиите на власт врз нивиот грб. Меѓутоа, тие забораваат дека во последните три години пензионерите не добија ниту еден цент повеќе, а ниту со ова покачување не ќе можат многу да направат.

Покачувањето на пензиите не ја порамнува инфлацијата

При просечна пензија од 976 евра месечно, зголемувањето значи нешто повеќе од 10 евра. За жените уште помалку: нивната просечна пензија ознесува 465 евра, значи ќе се „радуваат“ на пет евра повеќе. Покачувањето никако не ја подрамнува стапката на инфлација. Само трошоците за енергија во последните 4 години пораснаа за 30 проценти. Пред се оние работници што заминаа во пензија во последниве месеци, посебно го чувствуваат намалувањето на нивната куповна моќ.

Rentner mit Gehstock, Sozialreform, Rentenreform, Rente

Покачувањето на пензиите не е од голема помош за пензионерите

Веќе денес, голем број пензионери, со она што им останува за живот, се движат по границата на сиромаштијата. Иако, и натаму нема точна дефиниицја што се подразбира под сиромаштија, како што вели доктор Корина Баркхолд од универзитетот во Дортмунд:

„Постојано се разговара за различни граници. Во меѓувреме како граница се поставени 60 проценти од просекот на нето приходите. Тоа е сума што им стои на располагање на домаќинствата по глава на член на семејството. На тој начин се поставува и границата на сиромаштијата. Во 2003 година за Германија таа изнесуваше илјада 564 евра месечно.“

Тоа е четрипати повеќе од она што во моментов во просек го добиваат пензионерите во западниот дел на Германија. Онаму каде што недостигаат пари се чувстува влијание е врз другите подрачја од животот, на пример кај становите или здравството. Мажите од подолните слоеви приходи во просек умираат 14 години порано од нивните врсници со поголеми приходи – со 72 години, за разлика од другите – со 86. До овој резултат дојде Германскиот сојуз на синдикатите. Германскиот Каритас сојуз, освен тоа, смета дека околу половината од сите пензионери во Германија живеат во сиромаштија. Дури и целосната пензија, која патем се добива по 45 години години работа, во многу случаи не е доволна, посебно поради поскапувањето на храната.

Пензијата основен извро на приход

Дополнителни извори на приходи имаат само малку пензионери, подвлекува Корина Баркхолд:„И натаму пензијата е основниот извор на приходи во старост. Тоа е факт.“

Deutsche Rentner in Spanien

Малку пензионери можат да си дозволат одмор

Последиците од тоа:„Оваа стапка на сиромаштија можеме точно да ја соопштиме. За оние над 64 години, на сојузно ниво, процентот изнесува 11,4.“

Ризикот за осиромашување во старост рапидно расте:„Илјадата евра, кои се сметаат за стандарден приход на еден пензионер денес, под влијание на пензиската реформа сега изнесуваат само уште 750 евра. Тоа значи една четвртина помалку.“

Се зголемува бројот на пензионери со мини работа

Демографски и социјално-математички поткрепените факти не се од вчера. Затоа не треба да чуди што бројот пензионери што имаат некоја мини работата од 2002 година се покачи на 820 илјади. За финансиски да издржат, многумина пензионери се принудени да заработуваат некое евро повеќе. Неофицијалните бројки се уште повисоки. Според испитувањето на универзитетот во Вупертал, од пред пет години секој 11-сетти пензионер има дополнителна работа. И во никој случај зашто им е здодевно.

Професор Гинтер Вахтлер ги открива причините: „Потреба за признание. Тие сакаат и натаму да бидат корисни, сакаат да се потврдат и нешто да постигнат. Сакаат натаму да припаѓаат. Следната причина се социјалните контакти преку работата. Третата причина се приходите.“

Најдоцна по 15 години, пресметале социјалните експерти, скоро два милиона пензионери ќе живеат под границата на сиромаштијата. Сами не ќе можат да си обезбдат живеачка и ќе зависат од помош. Во многу германски градови постојат социјални институции во кои бесплатно се дели храна. Веќе денес секој трети што оди таму е пензионер.