1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Сиромаштија во САД - битката продолжува

Линдон Б. Џонсон пред 50 години најави дека ќе ѝ објави војна на сиромаштијата. 50 години подоцна претседателот Барак Обама ја издигнува праведноста на високо ниво. Но, многу Американци не чувствуваат ништо од тоа.

Надвор вее остар ветар. Оние кои чекорат низ снегот знаат што значи сиромаштијата. Преку групна работа, тие вежбаат читање и пишување. „Академија на надежта“ (http://www.aohdc.org/) ним им помага. Овие луѓе живеат во еден од најбезнадежните делови на Вашингтон. Многумина од нив мораат веднаш по часовите да одат на работа - како помошници во кујна, касиери, надничари. Најмладиот тука има 18, а најстарата жена 81 година.

„Најголем дел од возрасните, кои земаат учество на нашите програми, се или возрасни невработени лица или, пак, имаат вистински лошо платена работа со скратено работно време“, објаснува директорката Лечестер Џонсон. „Имаме ученици, кои имаат три или четири работни позиции за да можат да врзат крај со крај“, додава таа.

Armut und Analphabetismus in den USA

Лечестер Џонсон вели дека четвртина од Американците се неписмени

Овие лица живеат недалеку од Капитол, на темната страна од најбогатиот главен град на светот. Тие учат да читаат и пишуваат на подоцнежна возраст.

„Околу 25 проценти од лицата во оваа земја се аналфабети. Во главниот град, според проценките, околу 85.000 лица не можат вистински да читаат“, објаснува директорката Џонсон. Во „Академијата на надежта“ тие не сакаат само тоа да го научат, туку да стекнат вистинско образование кое ќе ги доведе до подобро платена работа, со што би излегле од маѓепсаниот круг на сиромаштијата.

Се работи, но не се живее од тоа

Додека според статистиката бројката на невработени во САД се намалува, групата на луѓе кои работат, а се сиромашни, во САД расте со експлозивна бризна. Да се најде работа и не е толку тешко, но со неа не се преживува. Околу четвртина од сите Американци работат за помалку од десет долари на час. Минималната дневница на национално ниво изнесува 7,25 долари. На тој начин е невозможно да се прехрани едно семејство. Тоа го знае и ученичката Карлита Џонсон.

„Мене ми требаат од 350 до 400 долари за прехранбени производи, бидејќи моите внуци и сите други често доаѓаат да јадат кај мене. Тоа е половина од мојот приход“, објаснува Џонсон.

Armut und Analphabetismus in den USA

Карлита Џонсон оценува дека сиромашните ќе стануваат уште посиромашни, а богатите уште побогати

На трпезариската маса кај Карлита често седат двете ќерки и десетте внуци. Жената која со години била зависник од кокаин и бездомничка, е горда на својата фамилија. Таа работи како касиерка во една продавница за прехранбени производи. 51-годишната жена се откажа од втората работа, затоа што сака да се посвети на завршување на образованието. Нејзиниот сопруг напорно работи за плаќање на киријата и сметките за струја. За повеќе издатоци се нема пари.

„Понекогаш сето ова е фрустрирачко. Работиш од плата до плата само за да ги платиш сметките“, објаснува жената. Автомобил таа и сопругот не можат да си дозволат. Социјална помош не добиваат, бидејќи заработувале премногу. А, некогаш добиваа 16 долари помош за прехрамбени производи. „Што можеш да направиш со 16 долари? За тие пари има 12 јајца, векна леб и малку млеко - ништо повеќе“, објаснува Џонсон.

Додека во САД стагнира минималната плата, растат цените на прехранбените производи, на превозот и на трошоците за здравствено осигурување. „Сиромашните стануваат посиромашни. Богатите стануваат побогати“, вели Карлита. Многумина веќе не се наоѓаат во средината.

Поделени шанси

Armut und Analphabetismus in den USA

Образованието и на постара возраст дава надеж за подобра работа

Растечката сиромаштија посебно ги погодува необразованите Американци, потврдува експертот за сиромаштија Тимоти Смединг од Универзитетот Медисон во Висконсин.

„Ако добиете дете пред 30 годишна возраст и немате образование и стабилна фамилија, тогаш се соочувате со тешки времиња“, вели тој. „70 проценти од сите американски мажи веќе на 30 годишна возраст се родители. Но, само половина од нив живеат со своите деца“, објаснува тој. Околу половина од децата растат во сиромаштија во најбогатата земја на светот. На семејствата од средниот слој денес им е потешко отколку на крајот на 90-те години на минатиот век. Додека приходите на средната класта стагнираат во последниве повеќе од 30 години, експлодираат приходите на богатите. Во 1950 година директор во некоја фирма во САД заработувал 30 пати повеќе од некој свој вработен, додека денес директорот заработува 300 пати повеќе.