1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сиромаштијата – светски проблем, дури и во развиените земји

17. октомври е ден на ОН за борба против сиромаштијата на децата

Нова сиромаштија и во Германија

Нова сиромаштија и во Германија

Статистиките за сиромаштијата во светот се застрашувачки: преку половина милијарда деца живеат со помалку од еден американски долар дневно, 15 милиони деца се сирачиња поради болеста на сиромашните – сидата, 30 илјади умираат секојдневно од глад и болести. Милениумските цели на ОН се политичка рамка за отстранување на екстремната сиромаштија до 2015-та година, до кога треба воопшто да биде преполовена сиромаштијата во светот. Но, за да се постигне тоа треба богатите нации да ја зголемат развојната помош, да дадат подолгорочни финансиски ветувања и подобро да ги применат парите – ова го бара организацијата за помош на децата Ворлд вижн и таа притоа не е осамена.

Но, сиромаштијата не е само проблем во неразвиените земји. Таа е присутна и во богатиот свет, во Германија дури и се’ повеќе се шири. Фондацијата “Фридрих Еберт”, блиска до социјалдемократите, во една студија укажа на тоа – и крена бура. Според студијата, осум проценти од населението, значи околу шест ипол милиони граѓани, спаѓаат во еден нов, долен општествен слој – иако во студијата не е употребен тој израз. Најголемиот дел од нив се невработени, а шансите за социјален подем им се крајно мали.