1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Сиромаштијата е раширена

Сиромаштијата и невработеноста и натаму се голем проблем во Македонија. Според последните статистички податоци од 2003 година, една четвртина од граѓаните живеат на работ на сиромаштијата.

default

Голема невработеност и сиромаштија

Невработеноста во Македонија е сè уште голема, а сиромаштијата раширена, оцени вториот човек на Светската банка Шигео Катсу кој деновиве претстојува во Скопје. Неговата оценка ја пренесе кабинетот на претседателот, по средбата на шефот на државата Бранко Црвенковски со заменик претседателот на Светска банка за Европа и Азија. Владата негира дека сиромаштијата е раширена, се сомнева во веродостојноста на инфомарцијата што ја пласираше кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски.

Сиромаштијата е видлива

Сиромаштијата е сериозен проблем со кој се соочува Македонија. Вистинска мерка за степенот на сиромаштија и за бројот на граѓани кои спаѓаат во оваа категорија нема. Последните истражувања се направени во 2003 – та, но бедата е видлива речиси на секој чекор. Голем е бројот на луѓето кои едвај преживуваат, според дефиницијата за сиромаштија на Светската банка со помалку од два долара на ден.

Како последица на предолгата транзиција и конртоверзна приватизација значеен дел од граѓанството осиромаши. Се загуби таканарачената средна класа, голем број од луѓето имаат едвај за основните потреби.

На работ на сиромаштијата

Државата го постави како приоритет намалувањето на сиромаштијата. Заедно со Светската банка подготви повеќе стратегии за справување со овој проблем. Резултатите не се забележителни, а официјални податоци нема.

Според мерењата на Светската банка во 2003 година една четвртина или околу 500 илјади луѓе во Македонија живеат на прагот на сиромаштија, оставени со помалку од 150 денари на ден. Обединетите Нациии пак во извештајот за миленумксите цели објавија дека стапката на сиромаштија во земјата достигнала цели 30 проценти.