1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Сиромашните остануваат сиромашни?

Во Германија сиромашните остануваат сиромашни - ова е заклучокот на Националната конференција за сиромаштијата. Ваквиот резултат е спротивен на ставот на германската влада.

Веќе неколку години се регистрира тенденција на зацврстување на сиромаштијата, се вели во извештајот кој во Берлин го претстави Националната конференција за сиромаштијата. Доколку политиката не преземе мерки, ризикот од сиромаштија ќе се зголемува. „Кој е сиромашен во Германија добива се’ помалку шанси, да се извлече од сиромаштијата.“

Истовремено авторите на извештајот критикуваат дека политката ги преценува шансите за надминување на сиромаштијата. Исто така се минимализира и ризикот од осиромашување. За да се победи сиромаштијата во старост Националната конференција за сиромаштија бара во Германија законски да се воведе најниска плата. Имено: „Минималните примања денес, водат кон минимална пензија утре“.

Националната конференција за сиромаштија е збир од сојузи на доброволни хуманитарни организации, цркви, групи за самопомош и Германскиот сојуз на синдикати (ДГБ). Цел на конференцијата е да се сензибилизира јавноста за темата сиромаштија и ризик од сиромаштија.

Armutsbericht weichgespült

Дали сиромаштијата во старост е акутен проблем? - мислењата се спротивставени

Во својот извештај Националната конференција за сиромаштија зборува и за 4. Извештај за сиромаштија и богатство на германската влада, кој се’ уште не е објавен. Во моментов имено се водат дебати помеѓу повеќе министерства за крајните формулации во него. Според медиумските информации министерството за економија било против формулациите каде се предупредува од се’ поголем јаз меѓу сиромашните и богатите.

Еден феномен - две мислења

Националната конференција за сиромаштија гледа повеќеслојни ризици да се западне во сиромаштија, додека за Научниот совет на министерството за економија барем сиромаштијата во старост во моментов не е акутен проблем. Загрозени биле наводно ниско квалификувани лица со мигрантско потекло. Погодени биле пре се’ источните покраини, соопшти овој совет во Берлин.

Одборот ги одбива концептите на социјлдемократите и министерката за труд и социјална политика Урсула фон дер Лајен за да се победи сиромаштијата. Министерката од редовите на христијано-демократите Фон дер Лајен бара државен додаток за лицата со ниски примања, додека социјалдеморкатите се залагаат за гарантирана минимална пензија во висина од 850 евра месечно како и воведување на минимална плата.

Во работата на Научниот совет при министерството за економија учествуваат 39 експерти. Тој ја поддржува работата на министерството со изработка на експеризи по економско -политички прашања.

Во Германија според Заводот за статиситка како загрозени од сиромаштија се сметаат оние кои заработуваат помалку од 60 проценти од националниот просек. Во Германија границата за едно лице изнесува нето 952 евра месечно.