1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Сиромашните како лабораториски глувци

Фармацевтските концерни мора да ги испробаат своите лекови и на луѓе, а тоа е многу поевтино во Индија и Африка, каде болните и така немаат пари за лекување. Сепак, концерните тврдат - скандалот се преувеличува.

default

nte

„Болна сум, немам пари за лекар и за лекови, а овде ми помагаат бесплатно“, објаснува Амена од Питампур во емисија на германската телевизија ВДР. Но, она што Амена не го знае е дека од индискиот лекар, кого го плаќа исто така некој „добротвор“, добива лекови кои всушност воопшто не се дозволени за лекување на нејзината болест.

Оваа Индијка е само една од илјадниците, кои често без знаење и дозвола, учествуваат во тестовите на меѓународните фармацевтски концерни. Веќе со години тие нудат такви терапии во земји како Бангладеш, Индија, но и во Африка и во Кина. Зашто, според прописите на службите за регистрација на лекови на Запад, сите лекови, пред да се најдат на пазарот, мора да бидат испитани и врз луѓе. Теоретски, според т.н. Декларација од Хелсинки, постојат строги правила за овие тестови, тие мора да бидат доброволни, испитаникот може во секој момент да го прекине учеството, а посебно кога се работи за хронични болести, фирмата мора да му помогне на пациентот и по завршениот тест.

„Хуманоста“ на фармацевтските концерни

Тоа всушност значи и огромни трошоци: развојот и испитувањето на некој лек може да чини и до 800 милиони евра. А лекови кои треба да бидат испитани има многу. Само концернот Берингер-Ингелхајм во моментов спроведува 125 испитувања во 72 земји во кои учествуваат повеќе од 70 илјади испитаници. Слично е и кај останатите производители на лекови на светскиот пазар.

Christian Wagner-Ahlfs, BUKO Pharmakampagne in Bielefeld

Кристијан Вегнер-Алфс

А тестовите во некои од „сиропиталиштата“ на нашата планета драстично ги намалуваат трошоците.

Индија е особено привлечна: не само што таму живеат околу 700 милиони луѓе кои практично немаат пристап до некој специјалист, туку во таа земја има и добро образувани лекари кои помагаат во спроведувањето на испитувањата. Освен тоа, се чини дека и самата држава Индија го сака тоа. Зашто, во 2005 година земјата во голема мерка ги ублажи критериумите за извршување на тестови на лекови. Речиси е лицемерно овие тестови да се спроведуваат под плаштот на - хуманитарна помош. Како што објаснува Кристијан Вагнер-Алфс, хемичар во организацијата БУКО, која ја истражува активноста на фармацевтските концерни во Третиот свет, во Индија многу луѓе живеат во голема беда и меѓу нив не е тешко да се најдат болни токму од онаа болест која ја интересира концернот. Тие и така немаат можност за лечење и „кога добиваат можност за терапија, тогаш се разбира, понудата е привлечна“.

А кога тестот ќе тргне наопаку...

Ролф Хемке од Здружението на производителите на лекови нагласува дека „фармацевтските концерни можат дури и да помогнат и да го ублажат недостатокот од здравствена заштита со тоа што тамошните болници ги снабдуваат со модерна техника и пресонал“. Се разбира, таа модерна техника во случајов им служи на концерните, но мора да се признае дека таа сепак останува и за добро на тамошното население.

Индија е пожелно одредиште за такви експерименти од уште една причина: во многу делови од земјата таму мртвите традиционално се запалуваат. Така, во Индија ретко се случува обдукција, па ако нешто и тргне наопаку, веќе нема никакви докази кои би ги товареле фармацевтските концерни. Во меѓувреме и индиските медиуми се во воен поход против меѓународните концерни. Меѓу 2007 и 2010 година, како што јавуваат тамошните експерти, умреле 1725 луѓе во текот или непосредно по некоја здравствена студија. Неретко испитувањата се вршат и на малолетници, дури и на деца, без дозвола на родителите. Само во многу ретки случаи им се плаќа отштета на семејствата, не поголема од 2500 евра.

Rolf Hömke Verband Forschender Arzneimittelhersteller

Ролф Хемке

Со тешка мака до информации

Фармацевтските концерни долго молчеа, но овие, па дури и погласни обвинувања за убиства на болни, сепак ги натераа да објават барем дел од своите тајни. Тие навистина признаваат постоење одделни „црни овци“ чија цел е тест на лекови со помали трошоци со оправдување на сите можни средства. Но, концерните истовремено потсетуваат дека надлежните служби во Европа и САД се премногу строги во однос на тестовите на лекови врз луѓе и ним мора да им се објасни кога и каде се вршени тестовите. Здруженијата на производителите на лекови тврдат дека најголем дел од тестовите се спроведува на Запад! Така и во самите САД минатата година е започнато испитување на 2590 лекови, во Германија на 715, во Велика Британија, Канада и Франција по околу 500, а во Кина и во Индија по 200!

Кристијан Вагнер-Алфс пак објаснува дека постои уште еден мотив за таинственоста на концерните кога е во прашање испитувањето на лековите. Таа не е толку бескруполозна како користењето на сиромашните како лабораториски глувци, но не и ни многу поблагородна. А тоа е - алчноста и желбата на концерните што подолго да го задржат патентот за одреден лек или препарат.

Имено, по одреден рок, секој може да произведува лек со кој концерните заработуваат милиони, па дури и милијарди. Хемиските концерни така понекогаш менуваат само дел од некое хемиско соединение, често дел кој е безначаен во однос на дејството, само за да стекнат право да го продолжат патентот.