1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сиријци масовно пребегуваат во Ирак

Речиси 30 илјади сириски беглаци од четвртокот наваму ја преминале границата кон соседен Ирак, барајќи спас од војната во нивната земја.

Според наводите на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации, УНХЦР ова е еден од најголемите бранови бегалци од почетокот на конфликтот во Сирија пред две години. Најголем дел од преку 30 илјади Сиријци кои во последниве денови ја минале границата кон соседен Ирак бегаат од особено завојуваните области во северна Сирија околу градот Алепо. Според официјалните податоци на УНХЦР, вкупниот број на сириски бегалци во Ирак со тоа се искачил на преку 180 илјади. Бегалските кампови во Ирак се преполнети , предупреди УНХЦР.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун пак од рамнодушност кон ковавите конфликти и тероризмот. Во граѓански војни како онаа во Сирија, сите страни систематски ги прекршуваат човековите права. Пред сѐ цивилите во селата и градовите се изложени на произволни и неправични напади, изјави Бан, апелирајќи дека на сето тоа мора под итно да му се стави крај.

Истовремено тој го повика сириското раководство да ги поддржи односно да не ги попречуваат во работата инспекторите на ОН за оружје. Тие од вчера (19.08) се наоѓаат во Сирија за да проверат дали во тамошниот конфликт било употребено и хемиско оружје.