1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сиријците на референдум и покрај насилството

ВО Сирија почна референдумот околу нов устав. Промените што се предложени предвидуваат дозвола за работа на други партии и ограничување на претседателскиот мандат на максимум 14 години. Опозицијата вели дека се‘ е фарса.

Во Хомс и други градови во Сирија владее војна, умираат луѓе, а Сиријците истовремено одат на гласање и глумат демократија. Референдум наместо востание. Референдум за новиот устав предложен од Башар ал-Асад, самонаречениот реформатор. Асад вели: „Имаме работа со две страни на нашите реформи - едната е политичка, другата е борбата против тероризмот кој се има проширено во некои делови на нашата земја.“

Сиријците на 835 избирачки места во земјата треба да гласаат со „да“ или „не“ за уставот, чиј најважен член ја исклучува водечката улога на партијата Баат во државата и општеството. Дозволена е конкуренција од други партии, нешто што во Сирија не е дозволено од 1963 година наваму.

Syrien Protest

Зад Асад стои уште 30 до 35 проценти од населението, вели политичкиот коментатор Табет Салем

Во перспектива ставени парламентарни избори

„Сигурно нема да може да се гласа насекаде, но во некои региони ќе се гласа“, изјави Џорџ Џабур, професор во Дамаск и поранешен советник на таткото на Асад, кој во Сирија владееше цели три децении. Тој и покрај бунтот не гледа проблем за текот на референдумот. „Резултатот ќе биде јасен - уставот ќе биде прифатен, а потоа следуваат парламентарни избори“, вели тој и додава: „Се надевам дека ќе се оствари, но сосема сигурен не сум.“

Претседателот и главен командант во Сирија нема сомнеж: „Најголемиот дел Сиријци сакаат реформи и тоа оние кои не излегуваат на улица и не кршат закони, кои не убиваат никого. Тоа е мнозинството кое сака реформи“, вели Асад.

Табет Салем, политички коментатор во Дамаск се спротивставува на ставовите на Асад со вчудовидувачка отвореност: „Ако луѓето можат слободно да гласаат тој нема веќе да има мнозинство по се‘ што се случи. Мислам дека зад Асад стои уште 30 до 35 проценти од населението.“ Не е од полза ако мандатот на претседателот биде ограничен на максимално 14 години, два мандата по седум години и ако како отстапка за сунитското мнозинство во земјата се утврди дека шефови на државата можат да бидат само муслимани.

Syrien Proteste Symbolbild

По шест илјади мртви за опозицијата веќе не е доволен референдум - таа бара пад на режимот на Асад

Повик за бојкот од страна на опозицијата

Опозицијата, чиј протест пред една година почна со барање за референдум, по шест илјади мртви во земјата сега ќе го бојкотира референдумот. Таа бара само едно - пад на режимот на Асад. Но познавачот на сириските прилики Роберт Фиск смета дека тоа нема да се случи така бргу. „Асад е во ќорсокак, но може да издржи, исто како и неговата Баат-партија“, вели Фиск, додавајќи: „Погрешно е да се очекува дека тој ќе падне наскоро“.

Автор: Улрих Лајдхолд / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Борис Георгиевски