1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирија: 16 самоубиствени бомбашки напади во конфликтот меѓу фракции на бунтовниците

Во Сирија веќе девет дена трае офанзивата на повеќе бунтовнички групи против џихадистичката бунтовничка група ИСИЛ. Најмалку 700 лица загинале во судирите меѓу риваските бунтовнички фракции.

Во битките меѓу ривалските групи на бунтовниците во Сирија, радикалната џихадистичка група Исламска држава во Ирак и во Левант (ИСИЛ), според информации на сириските активисти за човекови права, за една недела извела 16 самоубиствеени напади против другите бунтовници. Атентаторите употребувале автомобил-бомби или појаси со експлозив, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Во самоубиствените напади загинале десетици лица во провинциите Алепо, Идлиб, Хомс и Рака.

Само во текот на вчерашниот ден во такви напади во Алепо, Идлиб и Рака биле убиени 39 бунтовници, објави Опсерваторијата, која информациите ги добива од активисти и лекари на теренот. Податоците не можат да бидат потврдени од независни извори.

Според податоците на Опсерваторијата, најмалку 700 луѓе се убиени и стотици се исчезнати во изминатите девет дена откако започна офанзивата на повеќе бунтовнички групи против борците на ИСИЛ.

„Од 3 до 11 јануари во судири се убиени 697 луѓе меѓу кои 351 бунтовник, 246 припадници на џихадистите и 100 цивили“, наведува Сириската организација за човекови права. Судбината на стотици затвореници сѐ уште е нејасна. Опсерваторијата во изминатите денови веќе говореше за висока бројка на жртви во жестоките борби меѓу различните бунтовнички групи во Сирија.

Покрај тоа таа денеска соопшти дека дека повеќе до 20 луѓе загинале откако силите лојани на претседателот Башар ал Асад гранатирале делови од Хомс. Канцеларијата на ОН за човекови права неодамна соопшти дека престанале да ажурираат податоци за жртви во Сирија наведувајќи дека немаат можност да ги проверат информациите.