1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирија ја бојкотира министерската средба на Арапската лига

Владата во Сирија која запаѓа во се‘ поголема изолација поради насилното постапување против опозицијата во земјата нема да има свој претставник на средбата на министрите за надворешни работи од Арапската лига во Мароко.

default

Советување во Арапската лига без сириски претставник

Министрите за надворешни работи на Арапската лига денеска во Мароко организираат нова средба посветена на осуммесечното насилство во Сирија.

Сириската државна новинска агенција САНА јави дека сириски претставник нема да присуствува на средбата во Рабат.

Дамаск не испрати свој претставник ниту на Форумот за арапско-турска соработка што се одржува во Рабат. Владата на претседателот Башар ал Асад го образложи бојкотот со одлуката на Арапската лига за суспендирање на членството на Сирија во организацијата на неопределен рок кое стапува во сила од утре.

На 12 ноември министрите за надворешни работи од Арапската лига гласаа за замрзнување на членството на Сирија во Организацијата од 16 ноември, ако Дамаск не ги прекине осуммесечните репресии над опозицијата.

Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу на Форум за турско-арапска соработка вчера истакна дека властите во Сирија не ја искористија последната шанса да ги прекинат репресиите против антивладините демонстранти.

Тој повтори дека Турција сака воведување на санкции за Сирија, од кои нема да страда сирискиот народ.

Автор:СН/ ЖА /дпа/ ртр/ миа

Редактор: Александра Трајковска