1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирија: Уапсени роднини на опозиционерите

Сирискиот властодржец Башар ал-Аасад на перфиден начин го покажува својот став за мировните преговори во Женева.Тој наредил апсење на членови на семејствата на опозиционерите кои учествуваа во преговорите.

Соединетите Американски Држави вчера соопштија дека во Сирија биле уапсени и сместени во притвор членови на семејствата на припадниците од опозицијата кои преговарале на мировната конференција Женева 2 во јануари во Швајцарија.

Стејт департментот побарал во соопштение од сирискиот режим „веднаш и безусловно да ги ослободи сите оние кои се неправедно притворени“.

„САД се згрозени од ваквите вести во кои се вели дека членови на семејствата од претставниците на опозицијата во Сирија кои зедоа учество на преговорите во Женева се уапсени“, се додава во соопштението.

Женева 2 започна на 22 јануари и траеше до 15 февруари, но без постигнување на некои забележителни резултати.