1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирија тоне во насилство и хаос

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ги обвини Русија и Кина дека со ветото за резолуцијата за Сирија ја поткопуваат улогата на ОН. Насилството во земјата продолжува.

Сириската армија целно го напаѓа Хомс, со денови. Во упориштето на револтот само утринава веројатно загинале 50 луѓе. Сирија тоне во насилство и хаос.

А, светот и натаму спори околу вистинскиот одговор. По пропаѓањето на обидот за заедничка резолуција во Советот за безбедност на ОН, Западот планира унилатерално да го зголеми притисикот врз режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад. Европа и САД најавија нови санкции.

Русија и Кина опстојуваат на ставот

„Ние ефикасно ќе ги употребиме санкциите за да ги исушиме финансиските извори и испораките на оружје за Сирија, со кои воената машинерија на режимот се оддржува во живот“, порача министерката за надворешни работи на САД Хилари Клинтон.

Ова е закана и за испорачувачот на оружје Русија. По посетата на Бахреин, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров утре ќе патува во Дамаск за да се сретне до претседателот Асад. Русија и Кина и натаму го бранат своет „не“ за резолуцијата за Сирија.

Во Пекинг се вели дека предлогот бил едностран. Со притисок врз една страна и со поддршка за другата не може да се дојде до промени. Сепак и Кина не сака насилството во Сирија да потрае. Меѓутоа, сите страни досега залудно бараа инструмент за негово запирање.

Овој прилог можете да го погледнете и во видео форма.

Автор: Кристине Елзесер/ Симе Недевски

Редактор: Борис Георгиевски

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема