1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирија се обидува да ги ублажи последиците

Што се случи со турскиот борбен џет од типот Ф-4, кој исчезна од радарите и беше урнат? Инцидентот и натаму ги оптоварува односите меѓу Турција и Сирија. Сирија се обидува да ги ублажи штетите и тврди дека било превид.

Турскиот претседател Абдула Ѓул по соборувањето на борбениот авион од страна на Сирија најави консеквенци. Деталите, меѓутоа, вчера (23.06) не сакаше да ги обелодени пред да бидат расчистени точните околности под кои се случил инцидетот. Министерот за труд Фарук Челик изјави дека Турција „или ќе реагира на дипломатскиот паркет или одговорот ќе го даде на други начини“. За тоа вчера се дискутирало на седница со претставници на војската. Членови на кабинетот нагласуват, дека борбениот авион бил во извиднички лет.

Сирија од своја страна вели дека соборувањето на турксиот џет било поради превид. Тоа не бил „напад“, ниту непријателски чин кон соседната земја, изјави портпаролот на сириското министерство за надворешни работи во Дамаск. Сирија го користи правото на одбрана на својот суверенитет против непознато летало. Не било препознато дека се работи за турски авион.

Низок лет?

Државната сириска новинска агенција САНА во текот на ноќта кон саботата објави дека во сирискиот воздушен простор трупите лоцирале објект кој не можел да се идентификува и кој летал ниско со голема брзина. Дури откако бил соборен објектот се констатирало дека се работи за турски воен авион. Тој навлегол еден километар во сирискиот воздушен простор. Според турски податоци, борбениот џет Ф-4 бил соборен на околу 13 километри пред сирискиот крајбрежен град Латакиа. Авионот се урнал во Средоземното Море. Од пилотите се’ уште нема трага.

Турскиот претседател нагласи дека истрагата ќе се концентрира на тоа дали авионот бил соборен во границите на Турција. „Бидејќи ова може да има сериозни консеквенци, нема да заземеме став, пред да бидат утврдени деталите“. При летови кои се изведуваат со голема брзина било рутина, за кратко време да може да се повреди воздушниот простор на соседна држава, изјави Ѓул.

Бан Ки Мун предупредува од последиците

Belgien EU UN Generalsekretär Ban Ki-moon in Brüssel

Бан Ки Мун

Генералниот секртетар на ОН Бан Ки Мун изрази „длабока загриженост“ поради соборувањето на турскиот борбен авион од страна на сириската армија. Тој е загрижен поради „можните сериозни последици од овој инцидент за регионот“, изјавил Бан во телефоснкиот разговор со шефот на турската дипломатија Ахмед Давутоглу. Бан ја поздравил досегашната воздржаност на Турција, како и заедничката потрага по пилотите на турски и сириски единици. Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле, изрази загриженост за инцидетнтот и истовремено ја поздрави умерената реакција на Турција.

Од почетокот на бунтот во Сирија, во март 2011 година, Анкара и Дамаск се сметаа за сојузници, но оттогаш Турција стана еден од најжестоките критичари на режимот на Башар ал-Асад. Со оглед на постојаното насилство во Сирија, Анкара бара оставка на некогашниот сојузник Асад.