1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирија се заканува со хемиско оружје во случај на агресија

Сирија ќе употреби хемиско оружје во случај на странска агресија, се закани шефот на дипломатијата Макдиси. Тој тврди дека оружјето нема да се употреби против сириските граѓани.

Сирија соопшти дека би можела да употреби хемиско оружје доколку се случи „агресија однадвор“. Министерот за надворешни работи Џихад Макдиси изјави дека хемиското и био-оружјето се безбедно складирани и дека тие нема да бидат употребени во рамки на актуелните судири, туку единствено ако има напад однадвор.

„Никакво хемиско или неконвенционално оружје нема да се употреби против нашите сопствени граѓани. Овие оружја ќе се употребат само во случај на странска агресија. Тие никогаш нема да се употребат против нашите граѓани, каков тек или развој и да добие кризата“, изјави Макдиси на прес конференција во Дамаск.

Белата куќа неодамна го предупреди Дамаск дека на режимот на Башар ал Асад ќе му биде побарана одговорност доколку не ја гарантира безбедноста на сирискиот арсенал од хемиско оружје.

Syrische Flüchtlinge

Сириски бегалци

Во меѓувреме, во земјата продолжуваат жестоки борби во Дамаск и економската метропола Алепо. Притоа војската, како што тврдат активисти, повторно употребува борбени хеликоптери и тенкови. Илјадници луѓе бегаат во соседните држави. Според комесарот на ОН за бегалци, УНЦХР, во последните 48 часа Дамаск го напуштиле околу 30 илјади луѓе.

Министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ денеска уште еднаш ги заострија санкциите против режимот на Асад. Дел од санкциите се и натамошно замрзнување банкарски сметки, забрани за влез во ЕУ и проширување на ембаргото за оружје. ЕУ одобри и дополнителна помош во износ од 20 милиони евра за згрижување на бегалците од Сирија.