Сирија предаде комплетен список на своето хемиско оружје | Свет | DW | 21.09.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирија предаде комплетен список на своето хемиско оружје

Организацијата за забрана на хемиското оружје денеска (21.09) соопшти дека Сирија ѝ предала конечна листа за количеството на хемиско оружје кое го поседува. Во тек е проверка на добиените информации.

epa03875661 (FILE) A file picture dated 31 August 2103 shows UN weapons inspectors arriving at the headquarters of the Organisation for the Prohibition of Chemical Weapons (OPCW) in The Hague, The Netherlands. The OPCW has received a declaration from Syria on the country's chemical weapons arsenal, a spokesman said on 20 September 2013. EPA/Guus Schoonewille *** Local Caption *** 50975840

Organisation für das Verbot chemischer Waffen in Den Haag erhält erste Liste aus Syrien

Една недела по постигнатата согласност меѓу САД и Русија за планот за разоружување на Сирија, раководството во Дамаск го исполни првиот услов. Кусо пред истекот на рокот поставен од страна на Вашингтон и Москва , арапската држава на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОPЦВ) во Хаг, и‘ достави листи за нејзиниот целокупен арсенал за хемиско оружје. „Овие документи сега се проверуваат“ соопшти оваа партнерска организација на ОН.

САД и Русија минатата недела (14.09) му дадоа рок од седум дена на сирискиот претседател Башар ал-Асад да ги обелодени количествата на хемиско оружје на неговата земја. Предвидено е оружјето да биде ставено под меѓународна контрола и да биде уништено. Инаку, состанокот на Организацијата за забрана на хемиското оружје, на кој треба да биде договорен почетокот на програмата за уништување на сириското хемиско оружје, требаше да се одржи утре (22.09), меѓутоа е одложен на неодредено време поради барањето на Сирија да се придружи на Конвенцијата за забрана за употреба на хемиското оружје од 1993 година. Сирија, имено, е една од седумте земји кои не пристапија кон конвенцијата од 1997 година, која ги обврзува потписниците да ги уништат резервите од своето хемиско оружје.

Сириската опозиција, во меѓувреме, го отфрли предлогот иранскиот претседател Хасан Рохани за посредување во сирискиот конфликт како „несериозен“. Преку неговата политичка, воена и економска поддршка за режимот на Асад , Иран и самиот е дел од проблемот, соопшти Сириската национална коалиција. Иранскиот претседател Хасан Рохани во текст објавен во американскиот весник „Вашингтон пост“ претходно порача дека неговата влада е подготвена да „посредува во дијалогот“ меѓу сириските власти и опозицијата