1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Сирија посредник во британско – иранскио спор

Во спорот со 15 заробени британски војници Сирија се вклучува како посредник. Сирискиот министер за надворешни работи Валид Моалем изјави дека за решение е потребна тивка дипломатија, во што учествува и неговата земја. Претходно шефот на турската дипломатија Абдула Ѓул вчера во Берлин соопшти дека неговата земја преговара со двете страни. Во меѓувреме иранскиот претседател на Парламентот Голам Хосеин Хадад Адел најави дека кризата полека се приближува кон разрешница.

Велика Британија и Иран ги интензивираа контактите за што побрзо решавање на спорот околу заробените британски војници.