1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирија попушта под притисокот

Девет месеци по почетокот на протестите против претседателот Башар ел Асад, Сирија има намера да допушти меѓународни набљудувачи во земјата. Со овој чекор Дамаск попушти под притисокот од Арапската лига.

default

Сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Миалим

Сириското раководство кое се наоѓа под се’ поголем притисок поради насилството врз демонстрантите по се‘ изгледа попушта пред меѓународниот притисок. Како што јави агенцијата Ал Арабија, режимот на претседателот Башар ел Асад го одобрил планот на Арапската лига, кој покрај другото предвидува арапска набљудувачка мисија во Сирија. Со договорот треба да му се стави крај на насилството против сириското протестно движење.

Сириската влада го испрати вице министерот за надворешни работи Фаизал Мекдад во Каиро со налог да го потпише протоколот. Арапската лига потврди дека протоколот е потпишан.

ABC Interview mit Baschar al-Assad 2011 BILDAUSSCHNITT

Асад сепак даде виза за влез на набљудувачка мисија во земјата

Сириското раководство уште на почетокот на ноември одобри кризен план подготвен од Арапската лига, но постојано го прекршуваше и поставувше услови. Сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Миалим вчера пред новинарите во Дамаск изјави дека Арапската лига се согласила на промена на документот, што ja барала неговата влада. Затоа Сирија донела одлука да го потпише протоколот.

Арапската лига и‘ даде на Сирија рок до утре да се согласи на меѓународна набљудувачка мисија. Доколку Дамаск не го почитува ултиматумот, организацијата најверојатно ќе се обрати до Советот за безбедност на ОН, за да се сопре насилството против критичарите на режимот, појасни премиерот на Катар, шеик Хамад Бин Џасем Бин Џабар ал Тани.

Според проценките на ОН, од почетокот на протестите против Асад во март годинава, загинале повеќе од 5000 демонстранти.

Автор: АТ/ ЖА/ дв/ дпа/ дапд/ афп/ ртр

Редактор: Ж. Ацеска