1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирија под се’ поголем меѓународен притисок

Режимот во Дамаск не попушта пред силниот притисок на меѓународната заедница. Со несмалена жестина армијата и полицијата дејствуваат против опозиционерите. За првпат се употребени и хеликоптери, велат очевидци.

I

Сиријската војска во офанзива против антивладините демонстранти

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун залудно бараше разговор со сирискиот претседател Башар Ал Асад. Тој ставил до знаење дека во моментов е недостапен, изјави портпарол на Бан. Советот за безбедност на ОН пак расправа за нацрт- резолуцијата, предложена меѓудругите и од Германија, со која се осудува насилството во Сирија и со која треба да се воведе забрана за испораки на оружје во оваа земја.

Опозицијата не посакува интервенција од странство

Syrien Flüchtlinge Türkei Saleh Aufstand Flüchtlingslager

Сириски бегалци во Турција


Турција која прифати илјадници бегалци од Сирија го осуди постапувањето на режимот на Асад против сопственото население. Премиерот Реџеп Таип Ердоган говореше за злосторства на сириските безбедносни сили. Според наводите на организациите за човекови права досега во задушувањето на протестите во земјата се убиени најмалку 1.300 лица. Притисокот врз режимот на Асад мора да се зголеми, порачуваат тие. „Ние не сакаме воена интервенција од странство. Тоа не би донесло ништо и затоа го отфрламе. Но потребни ни се заострени санкции против режимот и сакаме и вклучување на Меѓународниот кривичен суд“ , вели сирискиот активист за човекови права Ал Џунди.

Корените на револтот во внатрешноста на земјата

Претставници на опозицијата известуваат дека само во текот на вчерашниот ден биле убиени повеќе од 30 лица. Протести имало во Дара, Хомс, Латакиа и голем број други градови и населени места во земјата. Очевидци известија дека силите за безбедност употребија дури и борбени хеликоптери за растурање на голема демонстрација во градот Маарат ан Нуман. Тоа е првиот ваков случај, во кој режимот користи воена авијација против антивладините протести. Во големите градови Дамаск и Алепо, колку што е познато пак ситуацијата била релативно мирна.

Тоа уште еднаш покажува дека корените на безредијата во Сирија за разлика на пример од Египет, се во внатрешноста на земјата. Интернет и сателитските телевизии во Сирија не играат толку голема улога. Интелектуални лидери на револтот нема. Незадоволството потекнува од осиромашеното население во внатрешноста, кое е сито од угнетувањето од страна на се’моќниот државен апарат и чија економска состојба е се’ потешка.

Автор: Феликс де Кувеланд/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска