1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирија подготвена за разговори со Брахими

Сириската влада наскоро во Дамаск го очекува новиот специјален претставник на ОН и Арапската лига Лакдар Брахими. Мора да се „слушнеме“, рече портпарол на сириското министерство за надворешни работи.

Портпаролот на сириското министерство за надворешни работи Џихад Макдиси во изјава за либанската телевизија НБН, покрај најавата за посетата на Брахими на Дамаск, рече и дека меѓународната заедница е одговорна за пролевањето крв во земјата. Причините за неуспехот на мисијата на претходникот на Брахими, Кофи Анан, не лежат кај Сирија, туку во „недостигот на консензус во меѓународната заедница“.

Symbolbild Syrien Annan Friedensplan

Сирија сака да го „слушне“ Брахими

Лакдар Брахими по преземањето на мандатот специјален пратеник, во текот на викендот (01/02.09) предупреди дека не треба да се имаат преголеми очекувања. За телевизијата Ал Џазира тој рече дека ќе разговара со сите страни во конфликтот.

Според оценката на шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле, пратеникот за Сирија не треба да се мери според неговиот претходник. За првата германска телевизија - АРД, Вестервеле нагласи дека радиусот на дејствување на Брахими е уште поограничен отколку на Кофи Анан. Шефот на германската дипломатија рече:

Botschafterkonferenz Berlin 2012

Гидо Вестервеле ја повикува сириската опозиција на единственост

Според наш агол на гледање, Асад отиде предалеку со насилството и мислам дека е важно да го отвори патот за нови избори. Тоа е истовремено и апел до опозицијата - да не се ориентира само против Асад и неговиот режим, туку да постигне и единство околу демократијата, правната држава и верскиот плурализам.“

Германската влада има намера да и‘ помогне на сириската опозиција во разработката на концепти за економијата во времето по завршувањето на конфликтот. „Зиддојче цајтунг“ денеска (03.09) пишува дека во текот на утрешниот ден претставници на сириската опозиција ќе учествуваат на меѓународна средба за обнова на Сирија во министерството за надворешни работи во Берлин.

Syrien Massaker

Само минатата недела најмалку 1.600 загинати, тврди УНИЦЕФ

„Во сириската опозиција има многу умни и конструктивни сили. Се разбира, не сите опозициони сили се такви за да сакаме соработка со нив. Не се работи само за тоа земјата да се ослободи од режимот на Асад, туку и да се овозможи демократски нов почеток, во кој ќе има респект и кон припадниците на останатите верски заедници. Ова го велам со оглед на загриженоста на многу христијани во земјата“, рече Вестервеле за АРД.

Додека светот за обидува да најде решение, во Сирија борбите продолжуваат со несмалено темпо. Бунтовниците го опколија градот Харем во близина на границата со Турција и се обидуваат да ги стават под контрола воздухопловните бази на владините сили. Според податоци на УНИЦЕФ, само минатата недела, во Сирија животот го загубиле најмалку 1.600 лица.