1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирија не сака безбедносни зони

Сирискиот претседател ги отфрли барањата за формирање „бафер“ зони за згрижување на илјадниците бегалци. Хуманитарната криза на дневен ред во ОН.

Сирискиот претседател Башар ал Асад ги отфрли идеите за формирање безбедносни зони на територијата на неговата земја заради згрижување на илјадниците луѓе кои бегаат во соседните земји заради насилствата во Сирија.

Во интервју за сирискиот ТВ канал, Асад оцени дека ваквите идеи доаѓаат од непријателски земји како Турција и дека се неприфатливи. Асад ја обвини Анкара дека е виновна за ескалацијата на насилствата во Сирија, и рече дека на сириската армија и’ е потребно уште време за да го задуши бунтот на опозиционерите.

За денеска во Њујорк, на барање на Франција, е закажана седница на Советот за безбедност на ОН, на која треба да се дискутира за хуманитарната состојба во Сирија. На состанокот ќе присуствуваат и претставници на соседните земји - Либан, Турција и Ирак.