1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирија не исполнила ниту една точка од планот на Анан

Примирјето во Сирија и натаму е кршливо. САД упатија повторен повик до претседателот Башар aл- Асад да се придржува до планот на специјалниот пратеник Анан.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон вети поддршка за набљудувачката мисија на ОН во Сирија. ЕУ и нејзините земји членки се подготвени да пружат „секаква помош, која ќе биде побарана“, изјави Ештон во Европскиот парламент во Стразбур.

Набљудувачите на ОН досега не постигнаа позначаен успех во преговорите во Сирија. Претставници на опозицијата информираa дека само во вчерашните борби биле убиени најмалку 77 луѓе.

Со оглед на тоа што продолжува насилството, САД повторно го повикаа претседателот на Сирија Башар aл-Асад да се придржува до мировниот план на специјалниот пратеник Кофи Анан. Моменталната сосотојба е „неприфатлива“, изјави портпаролот Марк Тонер во Вашингтон. Преговорите околу работата на набљудувачката мисија очигледно се закочени. Одговорноста за насилството во Сирија е во рацете на „режимот“, кој мора да го исполни својот дел од сподогодбата, подвлече Тонер. Сириското раководство мора да ги исполни сите точки од планот на Анан, но досега не е исполнета ниту една точка, критикуваше Тонер.

Планот на Анан меѓу другото предвидува и примирје, кое во моментов е кршливо. Во планот се бара и повлекување на сириските владини трупи од градовите, дозвола хуманитарните работници да пружат помош, ослободување на затворениците, почитување на слободата на печатот и слободата на собирање, како и дијалог меѓу владата и опозицијата.

Поврзана содржина