1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирија на радарот на Бундесверот

Во Монтрe денеска започнува мировната конференција за Сирија. Меѓутоа крај на сирискиот конфликт не е на повидок.Согласно тоа продолжува и ангажманот на НАТО на сириско-турската граница, каде има и 300 германски војници.

Војниците на НАТО во Турција ја гледаат секоја испукана ракета во Сирија. Тие со помош на радари и сателити ги следат конфликтите во соседната земја, со која ги дели граница долга 900 километри. Овие војници се таму веќе една година и нема никакви показатели дека би можеле да се повлечат. Војната во Сирија, изјави германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер, претставува катастрофа која со монструозните напади врз цивилното население доби нова димензија. Со оглед на таквиот развој на ситуацијата, се очекува мнозинството во Бундестагот да гласа за продолжување на мандатот на војниците на НАТО во Турција.

Помош за Турција

Кога граѓанската војна во Сирија премина и на граничната област со Турција, владата во Анкара ги замоли НАТО-партнерите да ѝ биде достапен противракетниот систем „Патриот“, бидејќи, сириската армија во својот арсенал има ракети со дострел од 700 километри, против кои турската армија нема сопствена ефикасна одбрана.

Türkei Patriot Einsatz der Bundeswehr

Ракетен систем од типот „Патриот“ на германскиот Бундесвер

Во системот „Патриот“ има моќни радарски системи, како и фиксни и мобилни системи за проектили. Со оглед дека во НАТО само Германија, САД и Холандија имаат најмодерни варијанти на овој систем, овие три земји и ја презедоа контролата над турско-сириската погранична област. Германија соопшти дека нејзината мисија е „дефанзивна“ и оти не служи за контрола на зоната на забранети летови над сириска територија. Почетните стравувања дека германските војници би можеле да бидат вовлечени во конфликтите, не се остварија.

Ограда“ за застрашување

„Активна ограда“ е името кое НАТО ѝ го даде на оваа мисија- тоа би требало да биде јавно предупредување за завојуваните страни во Сирија. Набљудувачкиот пункт на Бундесверот се наоѓа над турскиот град Караманмараса, на околу 100 километри одалеченост од сириската граница. Од другата страна на границата е сирискиот град Алепо. Досега Гермаците не мораа да испукаат ниту еден проектил. Додуша единиците на НАТО не можат да сторат ништо против гранатите испукани врз турските погранични места. Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен германската воена мисија ја окарактеризира како успех, велејќи дека Бундесверот „успешно го штити турското население и територијата од напад на сириски ракети.“ Таа, исто така, додаде оти состојбата е сепак критична бидејќи, како што вели, се убиени 70 турски цивили, а 770.000 сириски бегалци побараа прибежиште во Турција.

Левичарите: „тоа е излишна акција“

Syrien Aleppo Zerstörung Luftangriffe 17.12.2013

Разурнатиот сириски град Алепо

Левичарската партија е единствена во Бундестагот која смета оти присуството на германскиот „Патриот“-систем на турско-сириската граница е излишно. „Сите знаеме дека Турција во сирискиот конфликт е всушност дел од проблемот“, изјави левичарскиот политичар Јан ван Акен во парламентот. Тој додаде дека преку Турција на областите каде се водат борби преминуваат борците на Ал Каеда, како и оти џихадистите преку Турција шверцуваат оружје во Сирија: „повлекувањето на Бундесверот би бил политички сигнал за Анкара да престане со таа погрешна политика.“
Министерката за одбарна не го дели истото мислење: „Ги поддржуваме нашите партнери во сојузот и го одржуваме ветувањето“, изјави Урсула фон дер Лајен.
По три години граѓанска војна, германскиот министер за надворешни работи Штајнмајер изрази надеж дека конференцијата за Сирија која денеска (22. јануари 2014) започнува во швајцарското место Монтро би можела да ги омекне фронтовите: „Можеби овие денови ќе се отвори вратата за политичко решение“, рече Штајнмајер. Тоа би имало последици и Бундесверот- крајот на конфликтот во Сирија би значел дека ангажманот во Турција станал непотребен.