1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирија и НСА- топ теми на 50. Минхенска безбедносна конференција

Во Минхен денеска (31.01) почнува веројатно најважната неформална средба во светот за меѓународната безбедносна политика. Тема која доминира е Сирија, но улога ќе игра и прислушувањето од страна на НСА.

Причина за славје, како што се посакуваше по повод јубилејот, според оценката на првиот човек на Минхенската конференција, нема. Состојбата во светот не само што е разбранувана, туку е „страшна“, вели Волфганг Ишингер. „И покрај јубилејот, во Минхен мора да се зафатиме сериозно со кризите, почнувајќи од Сирија, преку Иран, се‘ до Украина и други прашања.“

Најголемата неформална средба во светот за меѓународна безбедносна политика попладнево ќе биде отворена од германскиот претседател Јоахим Гаук. Претседателот во својот говор ќе ги формулира новите, зголемени очекувања од германската надворешна политика. И министерката за одбрана Урсула фон дер Лајен вечерва ќе има свој прв настап на безбедносната конференција. Покрај нејзе, во Минхен ќе бидат и министрите за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер и за внатрешни работи Томас де Мезие. Толку претставници на владата на конференцијата во Минхен досега имало ретко.

Тоа би можело да биде повод за генерална дебата околу надворешнополитичкото самопоимање на Германија, се надева Ишингер: „Проблем на германските безбедноснополитички и надворешнополитички дебати е што тие следуваат често како реакција на нечие барање. Од Франција ќе биде побарано: ‘Помогнете ни во Африка‘ и потоа Германија за Африка дискутира како вчера да сме откриле дека ја има на картата“, критикува Ишингер.

НСА-афера: Вашингтон се труди да ги ограничи штетите

Врвни политичари од владата на Обама и од Конгресот доаѓаат на безбедносната конференција со невообичаено голема делегација. Со оглед на НСА-аферата, Вашингтон се труди да ги ограничи штетите.

Wolfgang Ischinger Münchener Sicherheitskonferenz 22.01.2014

Волфганг Ишингер

„Мислам дека пораката на американската владина делегација, барем што се однесува до планираниот заеднички настап на Џон Кери и Чак Хејгел, министрите за надворешни работи и одбрана, сигурно може да се интерпретира вака: ‘Сфативме. Сфативме дека настана огромен проблем. Сакаме да ви стоиме на располагање за разговор и одговори. Мора да разговараме‘“, објаснува Ишингер.

Размена на отворени зборови и неформални дискусии - тоа беше основната цел на поранешниот офицер на Вермахтот и борец на отпрот Евалд фон Клајст, кога во 1963 година ја иницираше конференцијата во Минхен. Ишингер објаснува што е целта: „Ова е можност да се кажат и работи кои можеби не се толку одмерени, како што би биле на официјални конференции. Ова е можност и да се каже нешто што е невообичаено.“

Не многу формално

Да се каже нешто „невообичаено“ - ваквиот совет на Клајст во 2003 година, на неколку недели пред војната во Ирак, го следеше тогашниот германски министер за надворешни работи Јошка Фишер.

Sicherheitskonferenz in München Rumsfeld und Fischer

Расфелд и Фишер на конференцијата во Минхен во 2003 година

Тој спонтано и без да чита од однапред подготвено излагање, на шефот на Пентагон Доналд Рамсфелд, кој имаше вкочанет продорен поглед, му рече дека воопшто не е убеден во воените планови на Американците. Сето тоа наликуваше на „конференција на поттикнувачи на војна“, се сеќава Фишер.

Со ваквата проценка на Фишер за дебатата за Ирак пред 11 години годинешната безбедносна конференција нема многу заедничко, вели домаќинот Ишингер. Сега присуството на 20 шефови на држави или влади и на околу 50 министри за надворешни работи и за одбрана, како и на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, треба да се искористи за да се придонесе за ставање крај на војната во Сирија.