1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирија и Иран се за разговори ако Вашингтон го промени однесувањето

Британскиот премиер Тони Блер ги повика Сирија и Иран да одиграат конструктивна улога во стабилизацијата на Ирак. И Дамаск и Техеран се подготвени на дијалог, но бараат промена на ставот на Вашингтон. САД не се воодушевени од идејата.

Тони Блер

Тони Блер

Британскиот премиер Тони Блер им кажа и на САД дека решавањето на Израелско – палестинскиот конфликт е начин на кој ќе ги привлечат умерените муслимански држави да го поддржат секој нов план за Ирак кој ќе биде изготвен. Блер зборуваше преку видео конференциска врска со американската специјална комисија за Ирак, предводена од поранешниот марикански министер за надворешни работи Џејмс Бејкер, која треба да поднесе предлог решение за Ирак. Блер во оваа прилика повтори дека САД мора да започнат преговори со Сирија и Иран за овие земји да помогнат во стабилизирањето на Ирак. По ова се огласи сирискиот министер за надворешни работи Бутхаина Шабан:

„Сирија отсекогаш верувала во дијалог и повикувала на разговори, но американската администрација и британскиот премиер беа тие кои ја започнаа војната во Ирак без претходно да се обидат да го решат арапско – израелскиот конфликт. Но, и покрај ова, Сирија продолжува да верува во дијалог, но не пропратен со ултиматум. Тоа американската администрација добро го знае.“

Иранскиот претседател Ахмадинеџад беше поостар. Тој е подготвен да разговара со САД но, само ако Вашингтон си го промени однесувањето.

„Уште од почетокот рековме дека ќе разговараме со американската влада, но само ако таа си го промени однесувањето и се однесува како секоја нормална држава“, рече Ахмединеџад на прес конференција пренесувана во живо на државната телевизија.

Американскиот претседател Буш пак вчера изјави дека нема да преговара со Сирија и Иран се додека двете земји не прекинат со поддршката на тероризмот, а Техеран не ја стопира програмата за збогатување на ураниум.