1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирија избира нов парламент

Исходот на изборите е познат многу пред затворањето на гласачките места

Дамаск

Дамаск

Со нашиот меч го браниме Дамаск . Кој верува ја сака својата земја Твојот глас значи моја одговорно. Типични пораки на седетици илјади изборни плакати , кои ги красат улиците на сирискиот главен град Багдад. На секое дрво, на секоја бандера и на зидовите од куќите висат плакатите со овие пораки но и слики од речиси 10 илјади кандидати кои се кандидираат за 250-те места во парламентот. Ако избирачите а во Сирија има околу 12 милиони граѓани со право на глас не се убедени од овие плакати , тогап следуваат СМС пораките

„ Излезете на избори и дадете го вашиот глас- за иднината на нашата земја

Ова е повик на еден од независните кандидати . Илјадници од нив мораат да се борат за само 80 места во парламентот . Останатите две третини се резервирани за Националниот Прогресивен Фронт , еедн сојуз под водство на веќе чо години владејачката БААС партија . На претходните избори пред четири години сите кандидати од оваа листа без исклучок влегоа во парламентот. Оваа година ќе биде слично.

Доколку независните кандидати , кои по правило се бизнисмени , сакаат да си обезбедат место во парламентот се зависи од добрите контакти и парите . Сопственикот на туристичка агенција Хасан Нехлави е оптимист:

„Ние сме целосно независни. Ја подржуваме владата но во нејзината заложба , да ја одржи земјата мирна и силна“

Во Сирија нема организирана опозиција . Малкумината интелектуалци кои сеуште се политички се изјаснуваат , повикаа на бојкот на изборите , за кои сметаат дека се фарса.

Повеќето граѓани на Сирија не се интересираат за изборите . Тоа го признаваат дури и државните медиуми кои се пожалија на неполитичка изборна кампања за време на која не беа отворени навистина интерсните теми. Притоа потребите на луѓето се сосема јасни, смета – смета калед Мубарак , Сириец кој работи во Германија:

„Повеќе слобода, повеќе слобода за печатот . Тоа значи слободни весници, слободна економија. Социјална сигурност за сите. Сирија е богата земја , но во неа има има многу сиромашни луѓе“