1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирија го отфрли планот на Арапската лига

Сирија денеска го одби најновиот предлог на државите-членки на Арапската лига за ставање крај на насилството во земјата, оценувајќи го како дел од „заговорот против земјата“.

default

Сириските власти го отфрлија предлогот на Арапската лига за запирање на насилството во земјата

Сириските власти денеска го отфрлиja предлогот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Арапската лига за запирање на насилството во земјата, кој предвидува претседателот Башар Ал Асад да ја предаде власта и да дозволи формирање на преодна влада на национално единство. Властите во Дамаск оценија дека арапскиот план е дел од „заговорот против Сирија“.

„Флагрантно мешање во внатрешните работи“

Treffen der arabischen Liga in Kairo ohne syrischen Delegierten

Состанок на Арапската лига во Каиро без Сирија

На средбата во Каиро, министерскиот совет на Лигата неочекувано постигна согласност за нова политичка резолуција за Сирија. Со планот се предвидува Асад да ја предаде власта на потпретседателот Фарук аш Шара, кој ќе соработува со владата на национално единство. Таа би требало да биде формирана за два месеца и во него да влезат лидерите од опозицијата. Задачата на таа влада ќе биде подготовка на нови избори и нов Устав за кој ќе се гласа на референдум. Потоа би се одржале претседателски и парламентарни избори под арапска и меѓународна контрола. Иницијативата ќе се достави до Советот за безбедност на ОН и од нив ќе се побара поддршка, најавија претставници од Арапската лига.

„Сирија ги отфрла одлуките на министерскиот Совет на Арапската лига и ги смета за повреда на нејзиниот суверенитет и за флагрантно мешање во нејзините внатрешни работи“, гласи реакцијата на сириските власти што ја пренесе државната новинска агенција во Дамаск.

Автор: СН/ ртр/ афп/ миа

Редактор: Александра Трајковска