1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирија го критикува прекинот на арапската набљудувачка мисија

Сирија со жалење реагираше на одлуката за прекин на арапската набљудувачка мисија. Во соопштение властите во Дамаск покрај тоа изразија изненадување од ваквиот чекор.

default

Набљудувачите на Арапската Лига

Режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад во реакцијата на прекинот на набљудувачката мисија ја обвини Арапската лига дека со таквиот чекор сака да го зголеми притисокот врз Советот за безбедност на ОН, да дејствува против Сирија.

Арапската лига ја образложи одлуката за прекин на мисијата со фактот дека насилството во Сирија и натаму се зголемува.

Syrien Armee Überläufer

Војници одметнати од сириската армија се борат на страната на опозицијата

Пред еден месец во Сирија допатува група од 165 набљудувачи на Арапската лига за да помогнат во спроведувањето на планот за намалување на насилствата, ослободување на затворениците и воспоставување слобода на движење. Но според претставите на Арапската лига, Дамаск не ги исполнил обврските предвидени со овој план.

Само во изминатите денови во судирите меѓу владините трупи и противниците на режимот загинале 200 луѓе, говорат непотврдени извори. Вчера (28.01.2012) според наводите на претставници на сириската опозиција во странство, сириската армија пукала во предградијата на главниот град Дамаск и притоа загинале најмалку 12 луѓе.

Автор: СН/ АТ/ дпа/ миа

Редактор: Александра Трајковска