1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирија го достави планот за уништување на хемиското оружје

Сирија го достави бараниот список на своето хемиско оружје, како и деталниот план за негово уништување, соопшти Организацијата за забрана на хемиско оружје денеска (27.10.2013) во Хаг.

Документите од Сирија се доставени на 24.10.2013 година, односно три дена пред истекот на рокот кој беше поставен.

Информациите од владата во Дамаск се основа за „систематско, тотално и контролирано уништување на декларираното хемиско оружје во производните погони“, се вели во соопштението на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ). Оваа организација не соопшти никакви детали за наведените количества на хемиско оружје и посебно на нервен гас во документите доставени од Дамаск.

Сирија претходно даде податоци за хемиското оружје и производните погони на 23 локации. Инспекторите на ОПЦВ според информација од организацијата од петокот, досега веќе извршиле контрола на 19 од нив, а на повеќе места е започнато уништувањето на производството. Во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, Сирија треба да овозможи уништување на своето целокупно хемиско оружје до средината на 2014. година.