1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирија - голем предизвик за Турција на патот до регионална сила

Конфликтот во Сирија ги откри границите на влијание на регионалната сила во создавање- Турција. Новата година во Анкара веројатно ќе донесе нови предизвици на тој план...

default

Сириски бегалци во Турција

По речиси двегодишна криза во соседна Сирија, турските дипломати можат само да се исчудуваат на ставовите на сирискиот председател Башар ал Асад. Дамаск и понатаму не ја  согледува реалната ситуација, вели високиот претставник од Анкара. Дури и Русија, која е најблизок сојузник на Сирија, полека се дистанцира од Асад.
Турската влада е сигурна дека  на Асадовиот режим му доаѓа  крајот. Меѓутоа, можностите Турција да влијае врз решенијата на соседната земја се ограничени. Тоа го покажува развојот на ситуацијата во последните месеци. Анкара не успеа да ја протурка забраната на летови над северна Сирија, ниту беше во состојба да ги обедини претставниците на сириската опозиција на своја територија.

Пресудна американската улога

Syrien Türkei Angriff auf Akcakale Beerdigung

Погреб на загинат турски граѓанин во сириското ракетирање на градот Акчакале

Никој не оспорува дека Турција, со 900 километри долгата копнена граница со Сирија, сериозно страда поради тамошната граѓанска војна. Околу 200.000 сириски бегалци се наоѓаат во Турција- 140.000 се во бегалски кампови, а околу 50.000 кај роднини или во изнајмени станови. Во сириските гранатирања загинаа турски цивили и турски пилоти на извидувачки авиони. Сепак, западните партнери повеќепати ја предупредија Турција да покаже воздржаност. Заканите дека турската влада ќе преземе воена акција во Сирија не наидоа на одобрување кај НАТО- сојузниците туку предизвикаа страв од ескалација. Поради тоа НАТО постојано укажува на дефанзивниот карактер на нивната одлука за испраќање на батерии со системот за противракетна одбрана од типот „Патриот“ во Турција со цел заштита од евентуални ракетни напади од Сирија.
Клучна улога играат САД. Премиерот Реџеп Таип Ердоган и министерот за надворешни работи Ахмед Давутоглу сакаат од Турција да направат регионална сила, но не се свесни дека за половина од својата сила треба да им се заблагодарат на блиските врски со Вашингтон и со другите западни сили.

Да се избегне хорор-сценарио во Сирија

Türkische Truppen Grenze Syrien

Турски трупи на границата со Сирија

Расположението меѓу турските граѓани исто така претставува пречка за размислување за воена интервенција. Анкетите покажуваат дека турските гласачи го отфрлаат турското мешање во Сирија, што претставува силен аргумент пред престоечките регионални, парламентарни и претседателски избори во наредните 2 години.
Турција немаше среќа ни во напорите да ја обедини хронично раскараната сириска опозиција во егзил, која од септември 2011 година се наоѓа на турско тло. Промената во врвот на Сирискиот нацонален совет не донесе никаков успех. Новата сириска Национална коалиција за свое седиште го одбра Египет наместо Турција.
И во новата година сирискиот конфликт ќе остане главен проблем на турската надворешна политика. Се’ повеќе станува актуелно прашањето за обликување на нова политика по крајот на Асадовиот режим. Турција поради извозот е заинтересирана за што побрзо смирување на ситуацијата. Пропадната држава или радикален исламски режим во соседството, за Турција представува хорор- сценарио. Во 2013 година Турција ќе се труди да спречи таков развој на настаните. Меѓутоа, искуствата од 2012 година покажуваат дека Анкара, и покрај тежнеењето да достигне улога на регионална сила, тоа не може да го стори сама.