1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирија ги игнорира ултиматумите на Арапската лига

Сирија итно да дозволи влез на странски набљудувачи во земјата, бара Арапската лига. Поради насилството врз опозиционерите организацијата воведе нови санкции против режимот на Башар ел Асад.

default

Арапската лига

Арапската лига го зголемува притисокот врз Сирија. Против 19 функционери на сириската влада оваа организација воведе забрана за влез во други држави. Министрите за надворешни работи на 22 членки на Арапската лига денеска во Катар донесоа одлука и да ги блокираат банкарските сметки на овие функционери. Оваа одлука погаѓа повеќемина министри и членови на силите за безбендост, но не и претседателот Башар ел Асад.

На Сирија и беше поставен ултиматум, до денеска да запре со насилството. Сириската влада би морала да потпише и протокол во кој дозволува влез на странски набљудувачи. Вакви слични рокови на Арапската лига, Сирија до сега постојано ги игнорираше. Меѓутоа Арапската лига веќе почна со спроведување на

Syrien Präsident Baschar al Assad in Raqqa

Башар ел Асад

санкциите, а од 15 декември за половина би требало да биде намален и авионскиот сообраќај меѓу арапските земји и Сирија.

4000 жртви

Немирите во Сирија продолжуваат. Во судир на армијата со дезертерите во градот Идлиб на сверозапад на земјата убиени се најмалку 15 лица, соопшти сирискиот обсерваториум за човекови права во Лондон. Во новите протести убиени се вкупно 25 лица.

Од почетокот на немирите во Сирија во март годинава, според проценките на ОН животот го загубиле повеќе од 4000 лица. Режимот на Асад употребува насилство врз опозиционерите, а во меѓувреме се водат борби и меѓу силите за безбедност и дезертираните војници, кои не сакаа да учествуваат во задушувањето на протестите.

ОН во петокот ја обвинија владата на Сирија за кршење на човековите права и основните слободи.

Автор: АТ/ дпад/ дпа/ ртр

Редактор: Симе Недевски