1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сириско-турската граница останува затворена

Кристине Мундва/Ж.А.8 февруари 2016

На сириско - турската граница се‘уште чекаат илјадници луѓе кои бегаат од војната во својата татковина. Организациите за човекови права укажуваат на драматична состојба на границата.

https://p.dw.com/p/1HrMU
Фотографија: Getty Images/AFP/B. Kilic

Луѓето чекаат на границата кон Турција веќе три дена, често под отворено небо, на дожд и студ. Хуманитарните организации од Турција им носат храна и шатори преку границата. Но, илјадниците бегалци од Алеп не смеат да влезат во Турција.

Мохамед Идрис, Сириец кој е меѓу очајните луѓе кои бараат спас, е револтиран:

„Претседателот Ердоган Сиријците ги нарекуваше свои браќа, тој треба да ни ја отвори вратата, да ни помогне. Овие луѓе овде не знаат веќе каде да одат, не можат да се вратат дома.“

Погледнете ги снимките од ситуацијата на сириско - турската граница

Чекање пред затворена граница

Турскиот претседател Ердоган најави дека ќе ги прими Сиријците, но „ако биде неопходно“. Сепак, границата останува затворена.

А доаѓаат се‘ повеќе луѓе, зашто сириските владини трупи, поддржани од руските воздушни напади, се‘ повеќе го затвораат обрачот околу Алеп. Одделни села се веќе во владини раце, известува опозицијата. Бунтовниците кои делумно го комтролираа Алеп, ги губат последните снабдувачки патишта.

Цената за тоа во прв ред ја плаќаат луѓето, кои мора да ги напуштат завојуваните области. Тие сега се заглавени на турската граница. Колку долго, никој не знае.