1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сириското хемиско оружје под лупата на ОН

ОН наскоро ќе започнат инспекција за хемиското оружје во Сирија. Тимот на Светската организација е подготвен, меѓутоа сѐ уште треба да се прецизираат некои прашања.

Инспекцијата на хемиското оружје во Сирија од страна на ОН најверојатно ќе биде наскоро спроведена. Владата во Дамаск ги прифати неопходните услови за да може да се реализира „соодветна, безбедна и делотворна мисија“, соопшти портпаролот на Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун во Њујорк. Пред сѐ станува збор за безбедноста на инспекторите. Експертскиот тим наскоро би можел да замине во Сирија.

Според договорот со сириската влада експертите во Сирија треба да останат 14 денови, за да спрoведат инспекција на хемиското оружје во земјата. Вкупно треба да бидат испитани три места. Еднo од нив е Хан ал Аслан во близина на Алепо на северот на земјата. Другите две места не се познати. Ова прашање најверојатно е едно од оние кои дополнително треба да се прецизираат. Мисијата би можела да се продолжи доколку и двете страни се согласни на тоа.

Сириската влада на крајот на јули по долго пружање отпор се согласи на контрола. Тимот инспектори на ОН сега треба да го предводи Швеѓанецот Аке Селстром. Во ОН има 13 извештаи за употреба на отровен гас. Целта на сегашната мисија на ОН е да биде спроведена целосно независна истрага. Режимот на претседателот Башар ел Асад и бунтовниците меѓусебно се обвинуваат дека употребиле хемиско оружје.