1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сириското прашање се сели во Женева

Во швајцарскиот град започнаа разговорите меѓу водечките американски и руски дипломати и експерти за оружје, со цел да се најде решение за хемиското оружје кое го поседува Сирија. Кери бара дела од Асад.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад вчера (12.09) за првпат потврди дека неговата земја планира да го предаде хемиското оружје, но инсистираше дека САД најпрво ќе мора да престанат со заканите за воен напад.

„Кога ќе видиме дека САД навистина посакуваат стабилност во нашиот регион и ќе престанат да се закануваат и да бараат начини да не‘ нападнат, како и да го сопрат снабдувањето со оружје за терористите, тогаш верувам дека ќе можеме да продолжиме со неопходните чекори“, изјави Асад во интервју за руска телевизија.

„Сирија го предава хемиското оружје под меѓународна контрола поради Русија. Американските закани не придонесоа воопшто за тоа“, дополни Асад.

Од зборови на дела

Вчера почнатите средби меѓу руски и американски претставници во Женева на кои се разгледува рускиот план за разоружување на Сирија, ќе продолжат и денеска. Но, американскиот државен секретар Џон Кери веќе го предупреди Асад дека „зборовите на сирискиот режим не се доволни“ и дека ќе мора да се премине на дела.

Сирија веќе поднесе документи до ОН со кои бара да се приклучи кон конвенцијата за забрана на хемиското оружје. Дамаск соопшти дека веќе се смета за полноправен член на конвенцијата, а генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун го поздрави потегот.

Според шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, решавањето на проблемот со хемиското оружје на Сирија ќе го направи непотребен воениот

Bashar al-Assad Interview mit russischem Fernsehen

Башар ал-Асад во интервју за руската телевизија

удар врз таа држава.

Американскиот претседател Барак Обама ги одложи плановите за напад врз Сирија во очекување на резултатите од дипломатската офанзива.

Вашингтон тврди дека речиси 1.400 луѓе загинале во нападот со хемиско оружје кој на 21 август го извршила сириската армија.

Според дипломатски извори, Лавров и Кери со нивните делегации синоќа имале едночасовен работен состанок по кој продолжиле на приватна вечера. Истите извори разговорите ги оценуваат како конструктивни.

План во четири точки

Неколку руски медиуми објавија делови од рускиот план во четири точки со кој Сирија најпрво треба да се придружи кон Организацијата за забрана на хемиско оружје, потоа да ја објави локацијата на своето оружје, да им дозволи на инспекторите да ги посетат тие локации и да дозволи уништување на оружјето.

Официјален Вашингтон и Париз, кој е главниот поддржувач на воените напади врз Сирија, соопштија дека нема да дозволат планот за разоружување да се претвори во тактика на одолговлекување.

„Сето ова, доколку сите се придржуваат до своите обврски, ќе ни овозможи да му ставиме крај на хемиското оружје во Сирија и да најдеме политичко решение, но Франција ќе продолжи да го одржува притисокот“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд.