1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сириски пилот пребега со авион во Јордан

Сириски пилот со авион Миг 21 пребега во Јордан, јавија сириски опозициски извори. Властите потврдија дека контактот со авионот е загубен, додека леталото било во тренинг мисија и слетувањето го оценија како принудно.

default

Авионот слетал на воениот аеродром Ал Мафарк во базата „Крал Хусеин“, во северниот дел од Јордан. Опозициските активисти тоа го оценија како прво дезертирање во кое е вклучено летало на сириската војска, од почетокот на 15-месечниот конфликт во земјата против претседателот Башар ал-Асад.

Слетувањето на авионот го потврдија и јорданските власти. Извор од јорданската влада информира дека пилотот побарал азил во земјата.

Властите во Сирија велат дека борбениот авион имал принудно слетување во соседен Јордан. Сириските власти не даваат потврда дали војникот дезертирал.

Повеќе од 120.000 Сиријци пребегаа во соседен Јордан, поради насилството во нивната татковина. Тоа се податоците со кои располага владата во Аман. ОН имаат регистрирано само 20.000 од нив.

Според активистите за човекови права, во бунтот против претседателот Башар ал-Асад, од март 2011-та година се убиени повеќе од 15.000 луѓе.

Папата ја предупредува Сирија

Сирија ризикува да влезе во целосно разорен конфликт, кој ќе го погоди целиот регион, порача папата Бенедикт Шеснаесетти, повикувајќи ја меѓународната заедница да делува.

„Не треба да се штедат напорите во вадењето на Сирија од моменталната ситуација на насилство и криза, со што се ризикува тој да стане генерален конфликт, кој би имал многу негативни последици за земјата и за целиот регион“, рече папата Бенедикт Шеснаесетти.