1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сириските трупи јуришаат против дезертерите

Сириските војници, поддржани со тенкови и артилерија го нападнаа денеска градот Растан по четири денови вооружени судири со дезертерите.

default

„Градот е речиси целосно разурнат во нападот. Досега се убиени десет дезертери, а неколку се ранети“, изјави антивладин активист, кој живее во Либан.

Околу 250 тенкови и друга воена машинерија синоќа почнале да влегуваат во Растан, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права. 

Според сириските бегалци во Либан, во Растан избегале околу 200 војници и градот се претворил во засолниште на дезертери, кои одбиваат да ги извршуваат наредбите за отварање оган кон антивладините демонстранти, издадени од воени сили лојални на претседател Башар ал Асад. 

Градот Растан, кој е во близина на Хомс, има 60 илјади жители. 

Телевизијата Ал Џазира јави дека 30 лица загинале, а десетици се ранети вчера во Сирија во судирите меѓу демонстрантите и владините сили.

Насилствата почнале веднаш по петочната молитва и инциденти имало во различни делови на Дамаск, во јужната провинција Дера, во северозападната провинција Идлиб, во централните провинции Хомс и Хама и во некои други градови.

Во обидот на растерување на демонстрантите владините сили користеле огнено оружје, солзавец и палки. 

Во судирите во градот Хама се убиени 11 лица, во Хомс седум лица, а во другите сириски региони загинале 12 лица.

Автор: ЖА/ АТ/ миа

Редактор. Александра Трајковска