1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сириските милиции користени за масовни убиства

Милициите-сојузници на режимот на сирискиот претедател Башар ал Асад биле вовлечени во вршење масовни убиства, соопштија експерти на Комитетот за човекови права на ОН од Женева.

Милициите блиски на Асад во ескалирачката граѓанската војна во Сирија не учествуваат само во борбите, туку во т.н. рации од куќа во куќа, масовни апсења, киднапирања, грабежи и како информанти.

Сириската влада постојано ги користи локалните милиции, попознати како Популарни одреди, и за извршување масовни убиства, кои често пати се од секташка природа, соопшти денеска истражител на Комитетот за човекови права на ОН од Женева.

Судирите во Сирија, што избија пред две години, се претворија во граѓанска војна меѓу сунитските бунтовници, кои се мнозинството од населението во земјата, и режимот на претседателот Башар ал Асад, припадник на алавитската вера, претставник на шиитскиот ислам.

„Во вознемирувачкиот и опасен тренд, масовните убиства што ги извршуваат Популарните одреди, одвреме навреме имаат секташки призвук“, се наведува во извештајот на истражирелите на ОН.

Телата на убиените во масакрите се палат и фрлаат во реките, се наведува во извештајот. Истражителите на ОН за Сирија наведуваат дека двете страни во конфликтот извршиле насилство врз цивилите.

Бунтовниците редовно убиваат заробени сириски војници и припадници на милициите, и исто така имаат направено притворски центри во Хомс и Алепо.

Како да и‘ се помогне на опозицијата?

Европа, пак, сега бара начин како да ги промени постојните санкции за тие да не ги погодуваат толку силно цивилното население и опозицијата. Во Брисел денеска се одржува состанок на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ. Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле во Брисел повика на олабавување на санкциите кон Сирија заради поттик на уништените области кои се под контрола на владините противници.

„Инфраструктурата, водата, електричната енергија, здравственото згрижување - тоа се работи кои не смееме да ги испуштиме од фокусот“, изјави Вестервеле.

Но, ни сириската опозиција не е лесен партнер за меѓународната опозиција.

„Мораме да ги отфрлиме сите радикални тенденции, без разлика дали произлегуваат од страната на владините трупи или некои опозиционери“, изјави шефот на австриската дипломатија Михаел Шпинделегер.

Минатата недела сириските бунтовници заробија и три дена држеа во заложништво 21 мировник на ОН. Сините шлемови беа пред се‘ од Филипини и по налог на ОН го набљудуваа прекинот на огнот на Голанската висорамнина на сириско-израелската граница.

Поврзана содржина