1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сириските бунтовници тврдат - повеќе од 1300 жртви на отровен гас

Сириски активисти ги обвинија владините трупи за употреба на отровен гас при напад со стотици загинати, за што постојат противречни информации - меѓу 500 и 1300. Европа бара испитување на случајот.

Сириската опозиција тврди дека во зорите при нападите во повеќе предградија на Дамаск владините сили покрај конвенционалното оружје употребиле ракети збогатени со нервен гас.

Снимки покажуваат бројни човечки трупови на подот во една клиника, кои надворешно немаат никакви повреди. Сириската опозиција снимките ги објави на Јутјуб, сакајќи да ја докаже употребата на хемиско оружје. Џорџ сабра од Сириската национална коалиција, која ги собира најважните опозициски групи, во Истанбул изјави дека „оваа акција ги погреба сите надежи во политичко решениена сирискиот конфликт“. Постојат различни инфорамции за бројот на загинати, додека едни тврдат дека има 1300, други извори зборуваат за 494 загинати. Независни извори на информации нема. Ако се потврдат тврдењата на опозицвијата, тоа би бил најтешкиот напад со нервен гас од почетокот на граѓанската војна пред две години. Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад објави демант на информациите преку државните медиуми. Во демантот меѓутоа се оспорува само употребата на хемиско оружје, а не и нападите врз предградијата на сириската престолнина.

Сириските власти и опозицијата се обвинуваат меѓусебно за употреба на хемиско оружје во граѓанската војна која трае две години и во која досега загинаа повеќе од 100.000 луѓе.

Германија и други европски држави побараа вклучување на експертите на ОН, кои во Сирија престојуваат по повод поранешни обвинувањаза употреба на хемиско оружје, во расветлувањето на најновите извештаи. Инспекторите мора неизоставно да добијат пристап до местата каде наводно е употребено хемиско оружје, се вели од Берлин. Германската влада истакнува дека таа самата нема потврда за вистинитоста на тврдењата. Слично е соопштено и од германскататајна служба, БНД.

Европскиот претставник за надворешна политика Кетрин Ештон побара „неодложна и исцрпна истрага“ на извештаите за употреба на отровен гас во Сирија. ЕУ потенцира - секоја употреба на хемиско оружје во Сирија од двете страни во конфликтот е целосно неприфатлива.