1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирискиот режим подготвен да преговара со опозицијата

Шефот на сириската дипломатија за првпат отворено повика на преговори со вооружените бунтовници во земјата. Политичките и воените лидери на опозицијата не можат да се усогласат.

Сирија е подготвена да преговара со своите вооружени противници, изјави министерот за надворешни работи Валид Ал Муалем, во досега најотворената понуда за преговори со бунтовниците кои се борат за уривање на режимот на претседателот Башар ал-Асад.

„Подготвени сме за дијалог со секој кој што тоа го сака, дури и со оние кои држат оружје во рацете, затоа што веруваме дека реформите нема да дојдат преку крвопролевање, туку само преку дијалог“, изјави Муалем по средбата во Москва со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, чија земја е еден од најсилните поддржувачи на режимот.

Лидерот на воената команда на сириските бунтовници Селим Идриз експресно го отфрли предлогот за преговори условувајќи го со претходна оставка на претседателот Башар ал-Асад.

Но, првиот човек на опозициската Национална коалиција Моаз Алкатиб, остави простор за разговори, нагласувајќи дека досега немал никаква контакти со сириската влада.

И сириската влада и опозицијата изминативе неколку недели го омекнаа тврдиот став дека немаат намера да преговараат со другата страна. Сепак, остануваат голем број пречки на тој пат. Најпрво, како што покажува примерот со

Russland Syrien Außenminister Walid al Moallem bei Sergej Lawrow in Moskau

Шефовите на руската и сириската дипломатија Лавров и Муалем во Москва

Идриз, политичкото и военото крило на бунтовниците често не говорат со заеднички јазик. Притоа, се‘ појасно е дека политичката опозиција која претежно делува од странство има мало влијание врз опозициските борци кои се во земјата.

Режимот и опозицијата не можат да се усогласат ни околу тоа каде да се одржат евентуалните разговори. Бунтовниците инсистираат тоа да биде во странство или на територија под нивна контрола, додека власта бара разговори на сириска територија под нејзина контрола.

Судирите во Сирија започнаа пред 23 месеци, откако властите насила ги растурија мирните протести на демонстрантите кои бараа реформи во земјата поттикнати од Арапската пролет во другите земји. Оттогаш животите ги загубија повеќе од 70 илјади луѓе, а милиони мораа да ги напуштат своите домови.